Иван Јованоски – носител на советничка листа во Општина Прилеп

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Иван Јованоски 
носител на советничка листа во Општина Прилеп

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14563″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како скромен прилепчанец, екстровертен и комуникативен, израснат во фамилија на медицински работници. Од скоро и татко на првиот член од најновата генерација Јованоски. Дипломиран информатичар со бројни хобија –  колекционер на музика, ретки минерали и кристали, посветен љубител на секакви животинки, фотограф, со огромна пасија за планинарење, како природна терапија за ослободување од стрес и инспирација за компонирање на музика.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1989 година во Прилеп. Раните 90-ти ги паметам како еден тежок период за моето семејство, кое не остана поштедено од транзиционите лавиринти и голготи. Со средно образование се стекнав во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Веднаш по завршување на средното образование, продолжив сo студии на ФАМНИТФакултет за Математика, Природни Науки и Информатички Технологии во Копер – Словенија. Во тек на студиите почувствував потреба да се вратам во таковината (носталгичен сум). Се префрлив на студии на ФИКТ – Факултет за Информатички и Компјутерски Технологии во Битола, каде што и дипломирав.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Досега имам стекнато над 10 години работно искуство во ИТ индустријата преку ангажман во повеќе различни полиња на струката: CNC, роботика, PHP програмер, web и графички дизајнер. Инволвиран во бројни проекти во Македонија и странство.

Мотивација за вклучување во политика

Мојата заложба не е поразлична од таа на обесправените, осиромашени и разочарани прилепчани. Главната причина е ослободување на Прилеп од 30-ет годишното заложништво во канџите на би-партизираните клиентелистички конструкти, пред сѐ во јавните установи и институции. Потребно е искоренување на старите корени на династиите и посејување на ново семе – нови, чесни и борбени луѓе, што би дало поинаков резултат како основа за создавање на едно здраво општество, од кое не би сакале да бегаме и би се гордееле што живееме во убава земја која ја сакаме и знаеме да ја чуваме.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Потребна е целосна реконструкција на тридеценискиот ’рѓосан систем, кој е плодна почва за криминал, корупција и неправда, а е очигледно во функција само за поединци, а не за општото добро на сите нас.

Сакам најпрво да го запрам докажано штетното и себично работење на досегашните гарнитури, кои си ја менуваат власта ко да е Македонија нивна сосптвеност, а никако не ги менуваат лошите практики на работење. Ова е возможно преку влез во советите и запирање на штетни одлуки, известување на јавноста за задкулисните игри, предлагање на корисни решенија за проблемите. Притоа е многу важно да се обезбеди транспарентност и зголемување на пристапот на граѓаните до општината, строг увид во општинските финансии и ревизија на сѐ што е сомнително и спорно. Мора да запре непродуктивното трошење на народни пари за услуги со нелогични суми на тендери, за потреби на општината кои можат да бидат завршени од страна на постојните јавните претпријатија, на кои пак, исто така им е неопходна целосна ревитализација, за да пружаат квалитетни услуги кон граѓаните кои ги плаќаат.

Крајно време е да покажеме почит и сериозен однос кон децата и младите во општината, за луѓето со посебни потреби, за возрасните, за создавање на услови за живот без секојдневен стрес и грижи. 

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Во Левица препознав еден искрен пристап кон народот, разбирање за неговите проблеми и потреби, храбро пренесување и канализирање на наталожениот народен револт во борба со нефункционалните институции и давање надеж дека може да биде и поинаку; дека може да се работи чесно и одговорно за доброто на обичните луѓе.

Левица, го артикулира потиштениот крик на народот, кој долго време беше игнориран или замолчуван.

Во Левица нема луѓе кои одат со наведната глава, кои се кријат од угнетувачите на власт и сите се решени дека лудилото мора да запре. Решени се да се борат, без откажување, за подобра иднина.

Затоа, се одлучив безрезервно и смело да настапам заедно со Левица.

Мојата порака до народот

Историски гледано, Прилеп, многу често бил како компас за расположението на народот во Македонија. Народот во голем дел, изгуби верба во секоја институција, во сечии ветувања, се потчини, поверува дека е немоќен, стана незаинтересиран и апатичен, што всушност беше и целта на политичките елити. Најдолго и најсурово можеш да владееш кога наспроти себе имаш народ кој не верува дека може да промени нешто, дека отпорот е залуден. Но, во тоа успеаја само делумно. Се појави и постои силно јадро, кое не можат да го скршат. Неочекувано за нив, се појави Левица. Прво се подбиваа со нивната идеја, потоа почнаа да ги напаѓаат, но сега веќе се плашат. Време е да ги победиме – да се стави крај на бинарен политички монопол.
Прилеп е незадоволен. Прилеп се буди. Прилеп сака промена.

Заедно можеме да дојдеме до потребите промени! Затоа, на денот на изборите, излези и гласај мудро – да ги тргнеме криминалците од власт!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]