Иванче Ристевски – носител на советничка листа во Општина Могила

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Иванче Ристевски
носител на советничка листа во Општина Могила

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14926″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како човек кој смета дека е најдоблесно да се живее од сопствен труд, кој го почитува семејството како основна клетка на секое општество и искрен во односот со други луѓе. По занимање земјоделец, трговец, волонтер во Aгенцијата за поттикнување и развој на земјоделството како советник за искористување на средствата од ИПАРД програмите. Тековно вработен во Кромберг и Шуберт, во одделот за логистика. Страствен љубител на сопортот и природата.

Кратка биографија (образование, професија и работноискуство)

Роден сум 1989 година во Битола, а денес живеам во село Беранци. Иванче Ристевски е роден 1989 година во Битола, a денес живее во село Беранци. Дипломиран менаџер по биотехника на Факултетот за биотехнички науки на Универзитетот Св. „Климент Охридски“ во Битола. Има 10годишно разновидно работно искуство, a бидејќи потекнува од земјоделско семејство, како дополнителна дејност работи во земјоделието. Поседува долгогодишно работно искуство во трговијата, а веќе шест месеци волонтира и во Aгенцијата за поттикнување и развој на земјоделството како советник за искористување на средствата од ИПАРД програмите. Спортски е активен, а беше и председател на фудбалски клуб кој настапуваше во општинска фудбалска лига. Моментално вработен во Кромберг и Шуберт, во одделот за логистика.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Како и сите жители и земјоделци од Пелагонискиот регион, мотивиран сум од желбата за негова целосна ревитализација, воедно и за изградба на еден поправеден систем. Систем во кој ќе му се врати вистинската вредност на земјоделецот и работникот, кому му е доста од неправди, криминал, омаловажување, a кого го споменуваат само пред избори, за веднаш по нив, да го забораваат. Ниту еден систем не може без трудот на работникот, а нас ни е потребен систем во кој тој ќе биде валоризиран. Трудот на работникот треба да се вреднува, а земјоделецот треба да може да го продаде својот производ по реалната цена.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Во моето опкружување сакам го да променам сé она што го спречува развојот на селото. Сакам да ја спречам распродажбата на обработливото земјиште и водни ресурси. Да го спречам или да го намалам загадувањето и уништувањето на околината, со прекумерна употреба на отрови и штетни ѓубрива во земјоделието. Запирање на пустошењето на шумите од дивосеча, заштита на плодната почва и водните ресурси од загадување. Ќе се залагам за развој на селата и руралните средини, за враќање на достоинството на работничката класа и земјоделците, демократизација на локалната самоуправа и социјална правда.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица ги отсликува моите принципи и вредности во животот, како правдата, правичноста и борбата против корумпираниот систем. Левица има слух за потребите на народот и преку своите заложби му ја враќа вербата дека може да се изгради поинаков, подобар систем. Се кандидирам преку Левица бидејќи растеме од ден на ден со членови и симпатизери, кои имаат иста цел, со што стануваме сé посилни во нашата борба!

Мојата порака до народот

Бидете со нас. Бидете со Левица. Надеж има. Има некој кој е различен од досегашните превртливи политичари кои служат на елитите и олигархијата и кои се во спрега со криминалците. Ако се здружиме, ние НЕ сме немоќни., напротив. Од таа моќ се плаши секоја власт. Заедно за иста цел, да му ја вратиме вербата и достоинството на народот. Могила нека биде почеток на промената во Македонија!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]