Јована Мојсоска – носителка на советничка листа во Општина Струга

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Јована Мојсоска 
носителка на советничка листа во Општина Струга

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”15141″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишала како љубител на животни, активисти и борец за нивна заштита. Бездомните животни ми се слаба точка, при што и јас чувам неколку стерилизирани животни спасени од улица. Така започнува и мојот политички пат, преку неколку активистички организации, па преку здружението Ленка, се до Левица, каде сум член на Президиумот. Доаѓам од семејство на работници и земјоделци, кои биле принудени да преживуваат низ транзицијата и под репресивните политики на корумпираните партии низ последниве три декади, вушност како и голем дел од обичниот македонски народ.

Согласно моите принципи и активизам, се борат за заштита на животните и заштита на животната средина. Потоа за заштита на Охридското езеро и неговото крајбрежје од дополнително уништување и од дивеењето на урбаната мафија. Ќе се залагам за враќање над стариот дух на Струга и повторно заживување на Струга како туристички центар.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Кратка биографија (образование, професија и работноискуство)

Дипломирав на Факултет за безбедност и финансиска контрола, а редовен студент сум на Факултет за ветеринарна медицина. Основач и член сум на повеќе иницијативи за заштита на животните и животната средина. Актуелен член на Президиумот на Левица и носителка на листа во општина Струга. Мојот политички активизам започнува преку волонтерско и ентузијастичко формирање на локално здружение за справување со проблемот со бездомните животни во Струга.

Мотивација за вклучување во политика

Неможејќи да ја игнорирам ригидноста на институциите, одлучив да излезам од политичката апатија и да се потрудам да дадам свој придонес за санирање на дел од општествените аномалии. Талкајќи низ активистичките води, соочени секојдневно со енормната неспособност, некомпетентност и корупција на институциите, почнав да се преиспитувам колку има реален ефект мојот вонинституционален пристап пред една енормна машинерија на нефункционални институции и политиканти – кои всушност егзистираат врз проблемите кои активистите се обидуваат да ги редуцираат. На некој начин сфатив дека изолирано и парцијално делување е само шминкање на последиците, наместо системско отстранување и сосечување на коренот кој репродуцира низа проблеми во државата.

Додека ние се бориме да спасиме некое бездомно животно или да ги спречиме бизнис-орките да изградат нова платформа во водите на Охридското Езеро – на другиот крај се отвараат рудници на смртта; неуставно и криминално се менува уставно име на државата; се амнестираат и помируваат тендер-партиите; моќници заштитени од власта профитираат од исфрлање канцерогени честитки додека во монтажните болници секојдневно умираат стотици граѓани во ужасни услови и без никаква грижа.

Токму поради тоа, одлучив дека само преку автентична партија на неискомпромитирани активисти може да се направи реална промена и да се спротиставиме на едно труло општество, преку преземање на узурпираните институции од стручни и совесни поединци кои се грижат за општото добро – а кои јас, низ моето скромно искуство, сум имала среќа да ги запознаам.

За време на претходната власт кога почнаа да се јавуваат никулци на отпор, единствено во активистите на Ленка препознав автенична енергија за трансформација на општеството, во сета збирштина на уфрлени платени активисти, деца на функционери и ситни опортунисти. Кога Ленка одлучи да се трансформира во Левица, безрезервно ја поддржав идејата и така станав дел од основачите на Левица.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Доаѓам од семејство на работници и земјоделци, моите не биле дел, ниту пак уживале привилегии од владејачкиот естаблишмент – напротив, биле принудени да преживуваат под репресивните политики на корумпираните партии низ последниве три децении. За жал, политичката понуда во држава која е на периферијата на капитализмот е сведена на голо политиканство, чии единствени интереси се акумулирање што поголемо богатство во еден мандат преку агресивни нео-либерални економски политики, проследено со паралелна послушност кон апетитите на странскиот фактор , односно интерес.

Најголемиот успех на пропагандната машинерија на статус-квото е убедувањето дека не треба обичниот граѓанин да се занимава со политика, иако историјата е доказ дека само низ организирана политичка борба предводена од авангардна партија можно е да се роди новото, прогресивно општество врз неминовното распаѓање на старите, реакционерни сили, што и е мојата движечка сила во политичкиот ангажман.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Мојот искрен одговор е дека да бевме уште една партија која се бори за ситни и лични бенефиции, ќе бевме веќе дел од конвенционалните партии и ќе ги спасевме барем најблиските од главоболката што им ја задава нашиот политички активизам. Можеби ќе звучам нескромно, но не е лесно да си Левица и да им пречиш на интересите на партиските банди кои не бираат средства и методи да ја кооптираат, угушат и сузбијат и најмалата појава на отпор. Влегувањето на Левица во парламентот, а сега и во советите не е цел, туку е само алатка во градењето на држава која не е приватна сопственост на шака олигарси и лукративни политиканти – туку држава од народот и за народот. Низа генерации пред нас дале огромни жртви за ослободување и градење на Република Македонија и најмалку што можеме да придонесеме е да не дозволиме таа жртва да биде залудна заради неколку вазални политичари за кои освен личниот профит, ништо друго не е свето.

Она во кое Левица ужива компаративна предност е нејзиното доследно продолжување на борбата против хибридниот режим кој владее, додека низа таканаречени активисти, вкотвени во удобните фотељи, замолкнаа за клучни прашања и предизвици со кои беше соочена Македонија изминативе пет години. Мене ми е иронично и потценувачки да слушам како бивши функционери зборуваат за нефункционалност и партизираност на системот, кога истите тие со години биле дел токму од тој недемократски систем и уживале привилегии, додека мнозинството биле принудено да живее на маргините, во социјална беда и мизерија.

Поаѓајќи од тука, Левица како неискомпромитирана партија од интересите на капиталот, е единствената која им пркоси на овие социјални и политички девијации со кој живееме веќе триесет години!

Мојата порака до народот

Јас верувам дека искреноста никогаш не можеш да ја изглумиш, и токму поради тоа се силните симпатии кон децата на транзицијата кои претставуваат освежување на трулата политичка сцена, узурпирана од фамилијарните династии на црвената буржоазија. Ние немаме ништо заедничко со оваа мала привилегирана каста – тие бегаат од загадениот воздух на скијање на Алпите, се лечат во приватните болници на нивните финансиери, студираат со државни стипендии на светски престижни факултети, додека нашите родители со мака и чемер ги градат нивните палати.

Изградија свој паралелен свет на луксуз и раскош во кој живеат тотално алиенирани од потребите и маките на обичниот работник, студент, земјоделец. Можеби некој ќе рече дека децата на транзицијата звучи грубо и исфрустрирано – но, што е тоа во споредба со секојдневното насилство на корумпираниот и неправичен систем кој транзиционите профитери го изградија? Впрочем, колку повеќе тие нѐ толчат, ние толку повеќе растеме – спремни да го размонтираме статус-квото и врз неговите урнатини заеднички да изградиме нов, братски свет.

Затоа приклучете се на борбата која трае веќе 30 години! Овој пат таа е политичка и реална. Она што се нашите пратеници во собранието, тоа ќе бидат нашите советници во општните. Излезете и придружете ни се!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]