Кирил Слезенковски – носител на советничка листа во Општина Илинден

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Кирил Слезенковски
носител на советничка листа во Општина Илинден

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14917″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како борбен, упорен и човек кој не поднесува неправда. Дипломиран машински инженер кој смета дека е дојдено времето кога секоја индивидуа треба да се вклучи во борбата за подобар живот. Ако не се вклучиме во борбата, другата опција е да се иселиме. Сакам да останам дома, покрај моето семејство, пријатели и другари и сите заедно да учествуваме во создавање на достоинствен дом за живеење.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум и живеам во општина Илинден. Моето основно образование го завршив во училиштето „Гоце Делчев“, а средното образование го завршив во СУГС „Панче Арсовски“ на насока општествени науки. Високо образование завршив на Mашинскиот факултет при УКИМ и се стекнав со титулата дипломиран машински инжинер. Струката ме исполнува како личност и сметам дека во нашето општество се потребни повеќе инженери кои ќе почнат да создаваат вредност која ќе можеме и да ја извезуваме надвор од државата. Како млад човек, покрај кариера во машинството, сметам дека е важни и да сум политички активен, со цел да придонесам кон градење на општеството по мерка на обичните луѓе и младите

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Растејќи во општество каде доминантна улога на политичката сцена ја имаат само мал број политички партии со ограничен и несоодветен кадар, во мене ја разбуди потребата за промени. Во годините на моето образование и себеспознавање, проблемот го лоцирав во непостоењето на солидна трета опција која би донела позитивни промени. Промени, кои пред сé, би го вклучиле во себе и обичниот човек и би создале нормални услови за живот. Сега постои поинаква опција во Левица и беше лесно да се одлучам за активирање во политиката. Нема промена која се случува сама од себе, напротив, секоја промена е плод од планска активност на индивидуа или група на луѓе. Знаејќи го ова, не можам да седам настрана од случувањата кои одат во погрешен правец и мора да бидат променети.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Пред сé би сакал да им помогнам на младите да ја согледаат алармантната ситуација и нужната потреба од промени. Како што не учи историјата и како што ни сведочи минатото, секоја промена потекнува од прогресивната младина. Младите се оние кои мораат да застанат зад себе и своето општество. Со вистинска идеологија, чиста и патриотска мисла и љубов кон својата татковина, можеме да придонесеме за создавање на ново општество. Општество во кое редот, мирот, правдата и слободата, ќе го имаат своето вистинско значење. Сметам дека е крајно време во општината и државата да почнат да се креираат политки за младите луѓе, кои ќе овозможат искористување на нивниот потенцијал. Потребни се општински клубови кои ќе нудат развој на вештините на младите луѓе, во насока на изучување на странски јазици, компјутерски вештини, спортски активности, негување на културата преку музика, филм, книжевност, можности за изучување на курсеви за унапредување на конкурентноста на пазарот на трудот и сл. Не е соодветно младите за ова да плаќаат на приватни школи, кои и не нудат солидни програми колку што им се високи цените. Најголем дел од младите не можат да си дозволат да плаќаат приватни курсеви и заостануваат зад оние кои се од побогати семејства. Исто така, на сите ни е потребна и чиста животна средина и услови за рекреација. Еден парк на ниво на град е далеку од доволно и зелените површини мора да се зголемуваат. Мора да се најдат и решенија за загадениот воздух и водите, како и за сообраќајниот метеж. Живот во вакви услови како сега е неправеден и мора да се менува.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Идеологијата на Левица и искреното делување на нејзините претставници ја направија оваа партија единствената опција во која помислив дека некогаш би можел да се вклучам. Човекот сам по себе може да донесе подобрување, но поголем број истомисленици под закрила на левичарската идеологија, можат комплетно да ја променат летаргичната политичката сцена во Република Македонија. Верувам во заложбите и здружените сили на оваа партија.

Мојата порака до народот

Секоја промена започнува од нас самите. Затоа, ги повикувам сите граѓани на Илинден да бидат отворени, решителни и да се приклучат кон промените. Да и дадеме нов сјај на нашата општина преку народна револуција! Или, со зборовите на Карл Маркс: „револуциите се локомотивите на историјата“!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]