Круме Богевски – носител на советничка листа во Општина Кавадарци

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Круме Богевски
носител на советничка листа во Општина Кавадарци

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14714″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како студент на фармација и младински активист кој верува дека младите мора да се обидат да ја излекуваат Македонија од последиците на болните власти во последните 30 години! Вообичаено сум гласен за ограничување на нештата кои го оштетуваат општеството, а за овозможување на нештата кои носат слога, слобода и радосен живот. По природа сум насмеан и човек кој секогаш сака да остане во допир со народот!

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Студиите ги започнав на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2017 година и сега сум кандидат за асистент-демонстратор на Факултетот за Медицински Науки при УГД на Катедрата за Фармакогнозија. Како младински активист учествував во повеќето протести за пад на режимот на Груевски во моите средношколски денови во Скопје. Земав учество на 12 младински размени преку Еразмус+ програмата каде запознав многу млади луѓе од речиси сите европски држави, од кои неколкумина денес веќе се успешни политичари и противници на империјализмот. Интересно е тоа што токму престојот во земји од ЕУ ни овозможи да научиме како да сме гласни против капиталистичките идеали.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Изгледа сепак не е лесно да се перат умови, а на младите не може никој да им забрани после сите тие сесии, работилници и браинсторминзи да разговараат за она за кое навистина чувствуваат страст! Бев практикант во фабрика за производство на лекови од медицински канабис каде истражував многу за регулативата на наркотиците, употребата на канабисот, по што, оттаму започна и мојата заинтересираност за легализација на канабисот за поширока употреба. Работев и во неколку контакт центри кои овозможуваат услуги за клиенти од С. Америка, со цел да можам да се издржувам. Сепак, сметам дека времето треба да го косритиме разумно и на долг рок да се посветиме на нешто што навистина го сакаме, поради што решив дека е потребно да ги напуштам тие репетитивни работни позиции и да се посветам повеќе на науката и политиката, за кои верувам дека се моќни алатки за воведување на промени во едно општество.

Мотивација за вклучување во политика

Постојано бев меѓу одлуката да ја напуштам државата и да си го најдам местото во поорганизирана држава во ЕУ или С. Америка. По одреден период сфатив дека наместо цел живот да се борам да се интегрирам во некое општество кое е навидум подобро, можам да се борам за подобрување на состојбата во државата каде сум роден и каде сé уште чувствувам блиска врска со народот, природата, семејството. Како личност сакам во опкружувањето во кое живема да го има она суштинско „живо“ чувство на духот, нешто што од искуство знам дека кај нас го има многу повеќе отколку во многу други земји на Запад. Мојата поврзаност со државата и идеалот за обединување на народите ги опишувам вака: Јас сум Кавадарчанец кој ја сака Македонија, со родители родени во Југославија. Сосем природно е да чувствувам особена поврзаност со сите словенски народи, да се чувствувам како дома таму кај што сум израснал, па и на подрачјата каде преовладуваат културните особености кои се основ на моето воспитување.

Што сакам да променам во моето опкружување и општеството?

Сакам да почнеме со ОПОРАВУВАЊЕ на оваа оштетена држава, каде израснав. Сметам дека треба да ја вратиме силата на индивидуата преку различни мерки. На пример, давање на поголем простор за развој на занаетчиите со стимулациски мерки кои нема да бидат злоупотребувани; локалното производство да биде субвенционирано, наместо странските инвестиции, а масовното индустриско производство кое генерира големи профити, да биде соодветно оданочено. Преку личен пример знам што значи мал семеен – занаетчиски бизнис и колкава е штетата од несоздавање на услови за развој на тие самостојни дејности .Моите родители се пекари-занаетчии, а јас од детството станав дел од активностите на нивниот бизнис, го научив занаетот. Сепак, решив да не бидам дел од истиот поради тоа што занаетите пропаѓаат под моќта на масовното производство од индустриските погони кои се во подем. Она што локалната власт во најмала рака може да го направи е да овозможи простории и кампуси за заедничка работа на стартап компании и иновативни млади лица во општината.

Како студент на фармација и кандидат за асистент на катедрата за фармакогнозија при УГД, веќе подолго време се заложувам за легализација на широката употреба на канабисот, овозможување и советување при култивација на растенија со фармакогностичко значење, особено на оние од нашето поднебје и оние кои се актуелизираа во последните неколку години. Македонија е држава која афионот го има на државните обележја, со децении произведувала најквалитетен афион во светот, а денес не постои ниту еден производствен капацитет со лиценца да култивира афион и експлоатација на алкалоиди. Бирократизацијата и недостапноста до лиценци од страна на „обичниот човек“ без врски или како што помодерно ги нарекуваат „контакти“, сите заедно нѐ води во ситуација да го губиме и она што ни е буквално пред нос.

Зошто се кандидирам преку Левица?

Кога бев втора година во средно училиште, тогашниот режим реши да ни подметне масовни образовни реформи кои уште повеќе би ја разнишале климавата состојба на образованието. Бев дел од сите активности на Средношколскиот и Студентскиот Пленум. Од таму започнаа одредени дружења и разгорувања на страстите во групи од мојата генерација. Подоцна, при иницијалното формирање на Левица, голем дел од тие групи и луѓе блиски на нивната идеологија се придружија на активностите на партијата. Голем дел од овие луѓе останаа симпатизери или активнисти на актуелната Левица. По придружувањето кон Црвена Младина и формирањето на Локалниот огранок – Кавадарци, се чувствувам како да сум го нашол своето место и сум конечно сфатен. Често велам дека со членството во Левица, муабетите од собирње и кафеани ги пренесов на состаноци и дебати со луѓе кои ме почитуваат и всушност прават нешто за да се придвижиме од мртва точка.

Мојата порака до народот

Не се откажувајте! Знам дека е премногу тешко да се работи од утро до мрак, за да се овозможат елементарни услови за живот, додека г се сведочи на социјалните мрежи како „оние кои кренале раце“ и се исселиле во странство живеат „океј во најмала рака“. Особено сочувствувам со младите и знам дека патот е преполн со сопки, пречки, препирања, знам дека никој не дава поддршка во тоа што младите го замислиле и дека дури се потсмеваат кога ќе кажеме дека се чувствуваме како да можеме да допринесеме за промената. Но силно верувам дека можеме! Секој може на свој начин. Можеби некој ќе допринесе преку завршување на високо образование, со неуморни обиди да го врати академскиот и научен дух на универзитетот каде што студира. Можеби ќе допринесе преку важна публикација или поттикнување на општетсвени теми во јавноста и разговор за истите! Можеби промената ќе биде преку одлука за продлжување на некој занает и опстанок на традицијата во локалната чаршија! Сето ова е подеднакво важно другари. Сѐ додека не сме потполно пасивни, потполно апатични, додека нешто се случува, додека потребите на народот се задоволуваат, се случуваат и промените, а секој од нас припаѓа таму каде што се случуваат промените!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]