Леон Ристов – носител на советничка листа во Општина Неготино

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Леон Ристов
носител на советничка листа во Општина Неготино

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14718″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како човек кој што верува во семејните вредности, исклучително посветен родител и сопруг. Мојот успех се моите деца, начинот на кој сум ги воспитал, нивната едукација и секој нивен успех. Верувам во пријателство за цел живот, не поднесувам неправди, се спротиставувам на секаква неправда, дури и по цена на лични или професионални последици. Се радувам на секој успех, макар и не бил мој. Верувам дека полесниот пат не е секогаш и правилниот пат.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во Неготино, во 1972 година. Живеам со моето семејство, во семејна куќа од татко ми, во која исто така живее и брат ми со неговото семејство. Основно и средно образование завршив во Неготино, а високо образование на Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола, Факултет за биотехнички науки, отсек фармерско производство. Ѝ припаѓам на генерацијата која знае и памети и добри и лоши времиња.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Времето на мојата младост е време на еден романтичен период каде немаше истакнати класни поделби, а најмногу од сѐ, се вреднуваше пријателството. Тоа се и времињата на кои најмногу се навраќаме со моите другари и пријатели и кои најмногу ми недостигаат. Подоцна настапи време на транзиција и класни поделби. За жал овој период никако да дојде до својот крај. Живееме во време каде се изгубени вистинските вредности, каде што, како критериуми за напредување се партиските книшки и бизнис врските.

Моето животно и професионално искуство ме научи дека единствено со работа и посветеност можеме да имаме личен напредок, а само чесни, паметни, вредни и истрајни луѓе може да доведат до сеопшт развој во општеството. Токму ова е тоа што ни фали. Со мојот личен пример, приватен и професионален, секогаш се трудам да бидам мотив барем за некого.

Успехот на нашата семејна фирма која одлично функционира веќе 31 година, е само доказ за сé што спомнав погоре. Водени од вистински принципи на пожртвуваност, истрајност, чесни намери и посветеност, стигнавме до успехот на кој сме особено горди. Фактот дека ја имаме и раководиме најстарата Автошкола во Македонија, за мене е посебен. Затоа сметам дека секој успех не е случаен. Искуството ме научи дека до целта не се стигнува лесно и брзо, но дека ако не се откажеш, може да се достигне.

Моето искуство, моите принципи и начин на работа сакам да ги пренесам на начин преку кои ќе допринесат за развој и на мојата Општина. Развојот на мојата општина е мојот императив!

Мотивација за вклучување во политика

Долго време сметав дека политиката не е начин преку кој можам да придонесам за квалитетот на живот во мојата непосредна околина. Но, сепак сфатив дека не сум бил во право. Токму преголемата толерантност и незаинтересираноста нѐ доведе во оваа состојба. За судбината на мојот живот, за животот на моите деца, на моите пријатели и моите сограѓани, за развојот на мојата Општина, за хигиената и безбедноста, за комуналните и урбани проблеми кои секојдневно не тиштат, за мојот семеен бизнис и бизнисот на моите сограѓани, повеќе нема да одлучуваат луѓе кои не се способни, кои се просечни и потпросечни, градски шерифи и криминалци, или партиски полтрони кои учествувале во советот само заради лични интереси, искористувајќи ја својата позиција само како биро за вработување или за исполнување на барањата на своите шефови.

ДОСТА Е!ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ, СПОСОБНИ ЛУЃЕ! ВРЕМЕ Е САМИТЕ ДА ОДЛУЧУВАМЕ КАКОВ ЖИВОТ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Она што сакам да го променам е она што и најмногу ми пречи!

Неготино беше град во кој беше задоволство да се живее. Беше гордост да кажеш дека си од Неготино. Се сеќавам дека беше прогласен за најурбанизиран град во Македонија, па и меѓу најурбанизираните во Југославија. Беше град без ниту еден комунален проблем, без ниту една неасфалтирана улица, урбанистички и плански изграден по највисоки стандарди, град каде што земјоделците живееја од родот кој го произведуваа и беа горди на тоа што го работат. Градот го водеа луѓе со авторитет и харизма која се чувствуваше со секое нивно присуство, говор или било каква комуникација или контакт со нив. Беа такви затоа што беа чесни и посветени, а секој нивни збор или ветување имаше тежина. И како такви и ден денес ги спомнуваме како пример за чесни, паметни, вредни и харизматични. Се прашувам каде се изгуби тоа.

За жал денес, како и години наназад, Неготино го водат луѓе кои не се на тоа ниво и се недостојни за развој на Неготино какво што сите ние сакаме да го гледаме или во кое сакаме да живееме. Денес во Неготино владее урбан хаос, царува криминалот и непотизмот, за нашите животи и судбини одлучуваат неколкумина градски моќници кои поддржани од централната власт ги исполнуваат сам сопствените агенди. Денес е незамисливо вистински способен, паметен и вреден човек да е на вистинско место. Хаосот кој владее на сите полиња на општественото живеење доведе до тоа најпаметните, најмудрите, највредните и најспособните да го напуштат Неготино, а можеби најлошо во сето тоа, е што голем дел не мислат ни да се вратат. Неготино старее, училниците се сѐ попразни, безбедноста на нашите деца е сѐ послаба, сообраќајниот и урбан хаос е неиздржлив.

ДОСТА Е!

Најспособните мора да бидат на најважните места, работниците да работат, земјоделците да се на нивите, криминалците таму каде што му е местото. Неготино мораме да го направиме град на можности, место каде младите ќе се почувствуваат прифатени и разбрани, ќе знаат дека се важни и дека од нив ќе зависи развојот и просперитетот. Знам дека тие копнеат да го видат Неготино развиено и просперитетно и знам дека се спремни да се вклучат и самите да се вклчат во процесот.

Тоа и ќе го сториме! Ќе го направиме градот повторно таков каков што сите сакаме да го гледаме, економски развиен, урбано среден, чист и безбеден. Младите ќе бидат на прво место! Тие ќе бидат носители на развојот и просперитетот на Неготино.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица е пркосот кој што ми недостасуваше во Македонија долго време, а кој го носев и во мене самиот. Огромен дел од ставовите на Левица се и мои лични ставови, така што изборот беше лесен. Непоколебливиот став за суштинските работи од кои сум сигурен дека ќе зависи и нашата иднина, а тоа се пред сѐ силното спротиставување на криминалот и олигархијата и особено прашањата од национален идентитетски интерес, се работите кои беа лесно видливи во говорите, обраќањата и програмата на Левица. Ќе бидат излишни други зборови, затоа, јас сум Левица и Левица е јас.

Мојата порака до народот

Драги мои сограѓани, комшии, другари, роднини и пријатели:

Неготино и неготинско е мало место и сите ние добро се познаваме. Сите имаме исти проблеми, оние суштинските. Проблеми од кои зависи квалитетот на нашите животи. И на сите ни е јасно дека повеќе не сакаме вака да живееме, затоа што сите знаеме дека можеме подобро. Не лажеа 30 години дека се наша судбина и единствен избор и без срам и чест, еве ги повторно ќе дојдат пред вашите врати. Кажете им дека тие повеќе не се ваш избор. Споменете им за минатите ветени, а неостварени работи, потсетете ги дека ветуваа 24 часа достапна вода за пиење, ветуваа дека ќе ги асфалтираат улиците, дека ќе ни обезбедат поголема сигурност и безбедност, дека ќе го решат сообраќајниот хаос, дека Неготино ќе го направат зелен и чист град, дека нашите деца ќе имаат исти можности за вработување и напредување како и нивните, дека ќе нема непотизам и привилегирани фирми, дека економскиот развојот на Неготино ќе зависи од сите нас, односно од способноста, а не од партиската определеност или блискоста со локалните моќници… Го добивме сосема спортивното. Ги гледаме нив како сами си се вработуваат, безсрамно и без усул, како само нивни фирми напредуваат, а нивните објекти и имот растат. Гледаме како кон нас, гледаат со потценување и потсмев… како свесно прават класни поделби.

ДОСТА Е!

Никогаш повеќе непотизам и привилегии, и никогаш повеќе луѓе на места кои ниту знаат, ниту можат да научат да ги работат или да ги водат! Неготино ќе стане град на можности, каде на прво место ќе бидат најспособните. Никогаш повеќе партиската книшка нема да биде прв услов за работа, туку тоа ќе бидат квалитетите на секој поединец, без разлика на неговата партиска, верска и било каква друга определба. Успехот на поединец или фирма ќе зависи исклучиво од професионалноста и квалитетот на кадрите.

Неготино заслужува повеќе! И ние нема да се откажеме од тоа!

Поради нас, поради нашите деца и идните поколенија!

За Неготино со љубов!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]