Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левичарски институт „Рацин“

    Заради перманентна едукација, издаваштво и политичко образование на партискиот подмладок и другите партиски членови, се формира посебен Истражувачко-аналитички центар на Левица – со име Левичарски институт „Рацин“, чијашто организација и работа се регулира со посебен деловник.

    1. ЦЕНТАР ЗА ПОЛИТИЧКА ЕДУКАЦИЈА

    • философија на политиката и политологија
    • политичка историја (општа и национална)
    • политиколошки семинари (подготовка на силабуси и курикулуми)
    • организирање политички школи (летни и зимски кампови)
    • курсеви за политички вештини
    • популистичка реторика (обуки за делиберативно говорништво)
    • политичка дебата и аргументација
    • политичка едукација на партискиот подмладок (Црвена младина)
    • политичка едукација на јавни функционери (пратеници, советници, директори, одборници, секретари)
    • идеолошка индоктринација и профилирање
    • теоретски предавања и трибини
    • видео проекции (документарни филмови и тематски дискусии)
    • едукативни кампањи за зголемување на јавната свест
    • кадровска политика (регрутација на кандидати за членство во раководните структури и партиските органи и тела – ВД координатори и модератори)
    • соработка со политички фондации
    • стипендии, грантови, студиски престои и политолошки специјализации
    • истражувања (социолошки и политичко-правни)

     

    2. ЦЕНТАР ЗА ПУБЛИКАЦИИ

    • издавање левичарска литература (тематски едиции)
    • периодични публикации (рецензентски комисии)
    • превод на капитални и современи социјалистички дела (класици)
    • превод на редакциски текстови (на англиски и на други светски јазици)
    • редакција Ленка
    • редакција Антропол
    • дописна мрежа (т.н. граѓанско новинарство)
    • унифицирање на официјални Фб-станици (профилна и кавер слика)
    • „бочни“ профили, пејџови и веб-сајтови
    • мултимедијални обуки, курсеви и работилници (снимање, монтажа, графички и веб дизајн)
    • ракување со аудио и видео техника (опрема и кадар)
    • креатива и продукција на содржина (видео материјали од јавни настапи)
    • рекапитулација на Изборни програми (ветено-остварено)
    • брендирање локални канцеларии на ЛО
    • рекламни материјали (дизајнирање и печатење)
    • предизборни кампањи (спотови, типографски видеа, постери, летоци)

     

    3. ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ

    • интегриран систем на комуникација и комуникациски стратегии
    • енкриптирани канали за безбедна интерна комуникација
    • Кол-центар (за телефонско контактирање на членството)
    • партиски Информатор (на месечно ниво)
    • циркуларни пораки до членството (мејлинг-листи, чат-групи и сл.)
    • мобилизација на членството и симпатизерите
    • политичка агитација и пропаганда (партиски Aгит-проп)
    • политизација на масите
    • теренски активности (штандови, делење флаери)
    • митинзи и средби со граѓани

     

    4. АНАЛИТИЧКИ ЦЕНТАР

    • аналитика
    • датабази на податоци (историски и компаративни)
    • вкрстени податоци (од пристапници и членови)
    • метаподатоци
    • анкети
    • сондажи и испитување на јавното мислење
    • проекции, симулации и алгоритми (графикони, табели и статистики)
    • дигитални алатки за брзо внесување и калкулација на изборни резултати  (Д’Онтова формула за распределба на мадати)