прочитајте повеќе
Кандидати за градоначалници
ПЕРО ГЕОРГИЕВСКИ
Кандидат за градоначалник на Град СкопјеВЕСНА КИРАЏИЕВА
Кандидат за градоначалник на Општина АеродромАЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ
Кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче ПетровДАРКО РИСТОВСКИ
Кандидат за градоначалник на Општина КарпошЈУЛИЈАНА ШТРКОВСКА-КОЛАРИЌ
Кандидат за градоначалник на Општина Кисела ВодаАНДРЕА ЈАНКОВ
Кандидат за градоначалник на Општина ЦентарТЕФИК МАХМУТ
Кандидат за градоначалник на Општина Шуто ОризариЗЛАТКО АРСОВ
Кандидат за градоначалник на Општина ВелесСоветнички листи
и изборни програми
Заедно можеме да дојдеме до потребите промени! Затоа, на денот на изборите, излези и гласај мудро – да ги тргнеме криминалците од власт!
Иван Јованоски
Доста е! Изгубивме скапоцено време во чекање некој да ни фрли трошки, додека самиот создава империи. СТАНЕТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ!
Сашко Јанчев
Сите заедно да кажеме дека ни е ДОСТА лажни ветувања и да ставиме крај и ги запреме системските уништувачи на нашиот живот. Првиот чекор во таа насока е глас за нови луѓе, глас за единствената опција – Левица.
Виолета Аврамовска
Да гласаме мудро на овие избори, затоа што се клучни за почеток на промените кои ни се потребни. Потребни се борци кои покажале дека се непоткупливи. Тоа го имаме во Левица!
Димитар Абрашев
ВЕРУВАШ ВО НАШАТА ВИЗИЈА?
Кој е Петар Диклиќ, носител на советничката листа во Старо Нагоричане и за што се бори?
Петар Диклиќ е роден во регионот Лика, во селото Брлог, во Хрватска. Живее и работи како земјоделец во Старо Нагоричане. Основна егзистенција за него и семејството обезбедува преку земјоделие, што всушност значи создавање на нова вредност. Верува дека најголемо е задоволството кога гледаш како од едно создаваш повеќе. За него земјоделието е благодорна работа и смета дека навистина е голем проблем што младите сѐ повеќе ја избегнуваат оваа дејност, затоа што од истата не можат да обезбедат достоен живот за себе и своите семејства.
Неговата борба е насочена кон создавање на соодветен статус на земјоделците, работниците, подобрување на социјалната состојба и потребите на младите и населението на подрачјето на општината. Се залага за осовременување на возниот парк на територијалната Противпожарна служба, поставување хидранти до капиталните градски објекти, обезбедување на основното човеково право на чиста вода за пиење, перманентно одржување на водоснабдителните мрежи наменети за земјоделско полевање, асфалтирани патишта, отворени денови на советниците за секој заинтересиран од општината да може да си ги изложи своите проблеми. Се бори против продажба на државно земјоделско земјиште и пасишта.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаСтароНагоричане
Која е СЕНАДА ИБРАИМОВА, носителка на советничката листа на Левица во Штип и за што се бори?
Сенада Ибраимова е родена во Штип, има 36 години. Дипломирана новинарка на факултетот за Комуникации при Универзитетот „Еге“ во Измир, Турција, активист во Движењето за социјална правда „Ленка“ и еден од иницијаторите за формирање и основач на политичката партија Левица. Покрај политичкиот активизам, работела како новинарка, исто така била дел од неколку филмски продукции на документарен филм со социјални теми, како асистент на режија, фотограф и сценарист, а работи и превод на литературни дела од турски на македонски јазик.
Нејзината борба е насочена кон ревизија на претходни политики на власта, грижа за народот и работничката класа, чист и зелен Штип, со пристојни услови за живот, запирање на корупцијата и инсистирање на одговорност и драстична промена на политичката сцена во Македонија.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаШтип
Кој е МАРТИН ДИМОСКИ, носител на советничката листа на Левица во Карпош и за што се бори?
Мартин Димоски е роден во Скопје и живее во Карпош. Дипломиран економист на Економскиот факултет при УКИМ - Скопје, кој тековно работи како консултант за имплементација на ERP, WMS и други бизнис ориентирани софтверски решенија. Не може и не сака да остане рамнодушен на индивидуалните и колективни неправди, противник на политичките елити кои 30 години работат против народот, вљубеник во природата и борец за позелена општина.
Неговата борба е насочена кон целосна транспарентност на општината преку партиципација на жителите во носењето одлуки и одржување јавни седници, спречување на бетонизацијата и ревизија на деталните урбанистички планови; промена на досегашната улога на Општината и трансформирање на локалната самоуправа во најголем сојузник на карпошани, со цел решавање на проблемите поврзани со недостатокот на зеленило, паркинг простор, водоснабдување и канализација, недостатокот на капацитетите на градинките и училиштата, игралиштата и депониите.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаКарпош
Која е ЈОВАНА МОЈСОСКА - носителка на советничката листа на Левица во општина Струга и за што се бори?
Јована Мојсоска е дипломирана на Факултет за безбедност и финансиска контрола. Основач и член на повеќе иницијативи за заштита на животните и животната средина. Актуелен член на Президиумот на Левица. Нејзиниот политички активизам започнува преку волонтерско и ентузијастичко формирање на локално здружение за справување со проблемот со бездомните животни во Струга. Бездомните животни ѝ се слаба точка, а се грижи и за неколку животни спасени од улица.
Нејзината борба е насочена кон заштита на животните и заштита на животната средина, заштита на Охридското Езеро и неговото крајбрежје од дополнително уништување и од дивеењето на урбаната мафија. Ќе се залага за враќање на стариот дух на Струга и повторно заживување на Струга како туристички центар.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаСтруга
Која е ЦВЕТА ЏЕЛАДИН - носителка на советничката листа на Левица во општина Шуто Оризари и за што се бори?
Цвета Џеладин е дипломиран одделенски наставник – професорка со 15 години искуство во настава со ученици во основно образование. Дипломира на Педагошкиот факултет во 2005 година, насока одделенска настава.
Нејзината борба е насочена кон подобра иднина на децата во Шуто Оризари, подобро општество и подобро образование. Се залага за запирање на лошите одлуки и активно залагање за примена на политики кои ќе обезбедат пристојни услови за живот.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаШутоОризари
Кој е ТЕФИК МАХМУТ - кандидат на Левица за градоначалник на Oпштина Шуто Оризари и за што се бори?
Дипломиран правник, магистер во областа на миграции на Универзитетот Оксфорд. Тефик Махмут поседува национално и меѓународно работно искуство од организации за човекови права како што се ОБСЕ, ОДИХР, УНИЦЕФ, ЕРРЦ.
Тефик Махмут е долгогодишен активист кој организирал масовни протести против полициската бруталност на Алфите во Шуто Оризари, етничката профилираност на Ромите при граничните премини во Македонија, несоодветните услови за живеење и нееднаквиот третман при вработување и образование во Македонија.
Се бори за унапредување, модернизирање и подобрување на условите за домување, вработување и образование на луѓето во единствената ромска општина во Македонија, Шуто Оризари.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаШутоОризари
Кој е ВЛАТКО ТРАЈКОВ - носител на советничката листа на Левица во Росоман и за што се бори?
Влатко Трајков е роден во Кавадарци, а живее и работи во Росоман. Од детството до денес, животот го минува занимавајќи се со земјоделие. Првата реална потреба да се ангажира за промена во општеството ја чувствува при формирањето на Политичката партија Левица. На локалните избори во 2017 година станува дел од Советот на Општина Росоман како советник од Листата на Левица. Последните четири години несебично се залага за подобра иднина на Општина Росоман.
Неговата борба е насочена кон еднаква распределба на буџетот во сите месни заедници, подобра животна средина, запирање на урбаната мафија, транспарентна ревизија на работата на досегашните функционери, блокирање на штетни политики, предлагање и усвојување на политики од програмата на Левица.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаРосоман
Кој е КИРИЛ СЛЕЗЕНКОВСКИ - носител на советничката листа на Левица во Илинден и за што се бори?
Кирил Слезенковски е дипломиран машински инженер кој смета дека е дојдено времето кога секоја индивидуа треба да се вклучи во борбата за подобар живот. Сака да остане да живее овде, дома, покрај неговото семејство, пријатели и другари и сите заедно да создадат достоинствен дом за живеење. Струката го исполнува како личност и смета дека во нашето општество се потребни повеќе инженери кои ќе почнат да создаваат вредност која ќе можеме да ја извезуваме надвор од државата. Како млад човек, покрај кариера во машинството, смета дека е важно и да биде политички активен, со цел да придонесе кон градење на општеството по мерка на обичните луѓе и младите.
Неговата борба е насочена кон креирање политки за младите луѓе, кои ќе овозможат искористување на нивниот потенцијал, општински клубови кои ќе нудат развој на вештините на младите луѓе, изучување на странски јазици, компјутерски вештини, спортски активности, негување на културата преку музика, филм, книжевност, можности за изучување на курсеви за унапредување на конкурентноста на пазарот на трудот, како и чиста животна средина и услови за рекреација.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаИлинден
Кој е НОВИЦА ПЕТРОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Јегуновце и за што се бори?
Новица Петровски е роден во Јегуновце и потекнува од работничко македонско семејство. Тој е посветен сопруг, родител на две ќерки, чесен работник и другар, што сака да се најде секому и во добро и зло. Спремен е да го врати сјајот на општината која со години е дрско уништувана од страна на корумпирани градоначалници и советници.
Неговата борба е насочена кон запирање на партиската корупција, непотизмот и крадењето на народни пари; сака да го подобри квалитетот на животот во Општина Јегуновце, за да може нормално да се живее, а се залага и за организирање на локални референдуми, иницијативи и граѓански собири, како алатка за планирање на развојот на општината.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаЈегуновце
Кој е МАРЈАН ЃУРЧЕСКИ, носител на советничката листа на Левица во Македонски Брод и за што се бори?
Марјан Ѓурчески, е магистер по фармација кој работи во областа на фармацијата. Иницијатор на голем број идеи и активности за помош на социјалини категории на граѓани, чистење на животната околина, како и љубител на спортот и пријател на трудољубивите луѓе. Секогаш достапен за помош и човек кој се труди да ги олесни проблемите на своите сограѓани.
Неговата борба е насочена кон создавање просперитетен Македонски Брод, во кој нема да бидат заштитени и да напредуваат само поединечни партиски подобни категории на граѓани, туку сите подеднакво. Сака да учествува во создавање на град на еднакви можности, град кој ќе биде чист, пристоен за живеење и во кој ќе може да се размислува за развој на туризмот, сточарството, спортот и производство на зелена електична енергија, културни манифестации и во кој жителите ќе можат да ги исполнат своите очекувања за достоинствен живот!
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаМакедонскиБрод

