21 година од загинувањето на Двојаковски и Петров

Двојаковски и Петров

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

3 мај 2001 година – кобен ден за штипските бранители, Влатко Петров и Димитар Двојаковски. 21 година потоа – државата нема пред неправдите.

Денес ЛО на Левица – Штип положи цвеќе и го испочитува споменот на загинатите бранители од Штип, а вчера, на 2 мај 2022 година во паркот К’ртеке, на јарболот покрај бистите на нашите бранители се вееше искинато знаме…

ДО ВЧЕРА знамето стоеше искинато поради негрижата на локалните власти.

ЛО на Левица-Штип, почитувајќи ги државните симболи и водејќи грижа за спомен – обележјата, апелира на континуирано водење сметка ЗА ЗНАМИЊАТА, а не само да се прави инцидентно шминкање пред вакви одбележувања и церемонии!

Како Локален огранок на Левица – Штип, ја потенцираме и грдата слика со неконтролирано испишаните графити и натписи на бината непосредно зад бистите во паркот К‘ртеке. Апелираме до локалната самоуправа и до службите одговорни за одржување на истите, што поскоро да го санираат ѕидот на ова култно место во градот!

Штипските бранители заслужуваат пристојно одбележување, средена околина околу нивните бисти, неискинати знамиња, достојна почит и незаборав, баш како што тие самите се изарчија за Македонија, така треба да им биде споменот вечен, а поклонот кон нив искрен и длабок.

Вчера, на само ден пред денот на нивното загинување, свечено се „отвори“ 20 метри високиот и 200.000 евра скапиот споменик во селото кое е на само неколку километри од кобното Ваксинце. Тоа најдобро говори за нивото на почит која оваа држава и власт им ја дава на своите загинати бранители денес.

„Никогаш да не се повтори, за да не се заборави!“

Нека им е вечна славата!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Штип
6 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ