Активист од ДПМНЕ добил тендер вреден 5500 евра иако за истата намена постои важечки договор

274278277_287908446772266_6625784114212229648_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Екс-градоначалникот Наумоски непосредно пред завршувањето на неговиот мандат, на 26 октомври 2021 година, потпишал Договор за одржување на хардверска опрема и набавка на резервни делови со Телеком. Истиот е со времетраење од една година, односно до октомври 2022 година.

Сепак, и покрај важечкиот Договор, актуелниот градоначалник Стојкоски, на 4 мај 2022 година склучува уште еден договор со иста намена – одржување на хардверска опрема и набавка на резервни делови, но овој пат со фирма во сопственост на партиски активист од ДПМНЕ.

Двата имаат ист предмет на договор и исто времетраење од една година.
Разликата е во тоа што вториот договор е со два до шест пати поголеми цени на услугите!

Договорите се јавно достапни на страницата на електронскиот систем за јавни набавки

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

06.ЈУНИ.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ