(Видео) Богевски: Привилегираните политичари се игнорантни, не барајте привилегии

Круме Богевски

Членот на Советот на Општина Кавадарци Круме Богевски гласаше ПРОТИВ предлогот за членови на Управен Одбор и Надзорен Одбор на ЈП Комуналец заради тоа што верува дека несоодветен кадар е тоа што го оневозможува добриот менаџмент на јавните претпријатија!
Одборите постојат со причина, членовите не смее да се дрвен декор кој чека месечен паушал, а речиси сите политички субјекти во Советот предлагаа членови кои или не ги исполнуваат условите од Законот за ЈП или немаат соодветно искуство за работа кон подобрување на состојбата во ЈП Комуналец.

Работните групи за подобрување на состојбата на ЈП единствено го зголемуваат микроменаџментот на ЈП и не се оддржливо тело, членовите на Советот не може да ја заменат функцијата на Управните и Надзорните Одбори на сите претпријатија и јавни институции каде основач е Општината.
Од страна на членот на Советот од Левица забележан е ОБИД за клиентелистичко договарање, како и искористување на функцијата за лични цели од страна на независните членови на Советот. Истите се предупредени дека не смеат да бараат привилегии заради тоа што би станале игнорантни на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните!

*на барање на советничката група на СДСМ, тие се исклучени од поентата на излагањето на членот на Советот Круме Богевски на последната седница на Советот на Општина Кавадарци

 

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ