(Видео) Дарко Масларковски: Инклузивноста само на хартија и без практична примена

Дарко Масларковски Левица Аеродром

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Од страна на советникот Дарко Масларковски од советничката група на Левица во советот на Општина Аеродром, низ институтот советнички прашања се постави прашање за инклузивноста во воспитно-образовните институции, градинките и основните училишта.

Евидентно е дека освен на хартија и по закон, декларативно, за реална инклузија на децата со посебни потреби нема вистински услови во институциите.

Вработените не се обучени и спремни да се соочат со предизвиците, има и недостаток на стручен кадар, каде еден дефектолог е задолжен за 7 градинки.

Од Левица побараа општината да се вклучи во обезбедување на практични обуки за вработените, како и зголемување на бројот на стручни лица (дефектолози, логопеди, психолози) во процесот на инклузија и реално подобрување на воспитно-образовниот процес. Стоиме цврсто убедени дека средства мора да се обезбедат за подигнување на условите за вистинска инклузија и мора како една напредна општина да бидеме предводници на тие процеси.

Тоа што централната власт ги скратила дотациите кон образованието, не треба и не смее да е изговор за лошата политика во процесот на инклузивност во градинките и училиштата. Може да се обезбедат услови и средства преку кратење на непродуктивните трошоци и по наше мислење потребна е воља и заедничка соработка на секое ниво.
Силно ќе се бориме за ова прашање и со најавениот ребалас преку амандмани мора да ги обезбедиме потребните средства за реализација на ова вистинско вклучување на сите деца во процесот на образованието.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ
15 МАЈ 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ