Градоначалникот Стојан Николов си ги зголеми средствата предвидени за своја репрезентација

росоман

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ребалансот на Општинскиот Буџет изгласан од широката коалиција во Советот на Општина Росоман вчера предвиде зголемување на една ставка која се однесува на репрезентација на општинската администрација од 110 000 денари на 210 000 денари, како и зголемување на друга ставка која се однесува на репрезентација на Градоначалникот од редовите на СДС од 120 000 на 200 000 денари.

Средствата кои се предвидени за телефон се зголемија за 100 000 денари на веќе предвидените од основниот буџет за 2022 по предлог на Градоначалникот Стојан Николов.

Општина Росоман ангажирала и дополнителни тројца административци преку времени вработувања додека немала предвидено средства за нивни плати во основниот Општински буџет! Потсетуваме дека покрај вработување со Договор на неопределено време постои и Договор за вработување на определено време и затоа Политичка Партија Левица

Советниците добија образложение дека Општина Росоман должи на угостителите и затоа мора да донесе ребаланс на буџет, но Левица потсетува дека народот не е должен да ги подмирува трошоците од гозбите на гостите кои ги имаат Градоначалникот и поедини Членови на Совет за празникот Духовден.

Општинската администрација НЕМА изготвено квартални извештаи за реализацијата на општинскиот буџет, па така СДС го крие нетранспарентното и недомаќинско работење на Општина Росоман.

Советникот од редовите на Левица, Влатко Трајков беше меѓу малкуте членови на Советот на Општина Росоман кој не гласаше ЗА расипничкото работење на Градоначалникот и СДС!

Апелираме на поголема одговорност и внимателно трошење на парите кои имаат за цел да го развијат животот на граѓаните на Росоман!

Снимката од расправата за Ребаланс на Буџетот на Општина Росоман може ја да најдете на следниот линк: https://youtu.be/92aQbveYH6A

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Росоман

24 август, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ