И новиот министер за здравство нема план за охридската болница која остана без педијатрија

болница охрид

И по неколку месеци, Детското Одделение во охридската болница не е во функција. Оваа состојба не само што е алармантна, туку претставува вистинска катастрофа, бидејќи поради несериозноста на власта и погрешната здравствена политика, цената ја плаќаат родителите и нивните деца.

Покрај борбата против ковид-вирусот, децата страдаат и од многу други тешки акутни и хронични болести, за кои што не можат да добијат здравствена грижа.

И претходниот министер Венко Филипче, кој потекнува токму од Охрид, не покажа никаква политичка волја за решавање на овој сериозен колапс во здравствениот систем.

Како што истакна директорот на охридската болница ,д-р Горан Балески, кој очигледно не е способен да најде решение за овој проблем со кој се соочуваат охриѓани, на детското одделение нема промени, има само амбулантска служба, додека во вечерните часови, пациентите се праќаат на детското одделение во струшката болница.

Но, со недостиг на специјалистички кадар се соочуваат и другите одделенија, како на пример, гинеколошкото. Со оглед на тоа што ситуацијата во охридската болница е повеќе од алармантна, потребно е новиот министер за здравство, Беким Сали, итно да да најде решение и да овозможи соодветно специјалистичко лекување на оваа група на граѓани, бидејќи децата во Охрид веќе со месеци се оставени без соодветна здравствена заштита, а родителите се изложени на дополнителни трошоци, носејќи ги своите деца во струшката болница.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР
08 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ