Левица – Град Скопје: Прифатено е барањето за ревизија на ЈП Водовод и Канализација поднесено од страна на советниците на Левица во Град Скопје

LevicaOdSovetite-JP_Vodovo_i_Kanalizacija

Советниците на Левица во Град Скопје во месец декември, во согласност со Законот за ревизија, поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на итна ревизија на неколку јавни претпријатија, а поднесокот за ревизија на ЈП Водовод и канализација беше прифатен од страна на ДЗР.

Главните причини за поднесување на овие барања, беа секако обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, последните финансиски извештаи кои укажуваат на неефикасно и нерентабилно трошење, како и бројните индиции за нерегуларност во досегашното работење. Последните ревизорски извештаи за ова ЈП од страна на Државниот завод за ревизија датираат од 2015 година.

По ревизијата ќе биде појасно каде се трошеле народните пари во ова ЈП, а советниците на Левица ќе продолжат со конструктивни барања за регуларност во работењето на јавните претпријатија и институциите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
15 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ