Левица – Карпош е против урбанистичкиот план 3 09 – Повикуваме да се гласа против или за симнување на точката од дневен ред

дуп левица карпош

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На утрешната, четврта седница на Советот на Општина Карпош, прва точка на дневниот ред е предлог одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Тедосије Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје.

Урбанистичкиот план предвидува помеѓу зградите кои се наоѓаат меѓу улицата Каирска и булеварот Партизански одреди, на зеленилото да се изградат паркинзи, а исто така предвидени се и повеќе станбени згради. Сето ова е спротивно на интересите и потребите на жителите.

Истиот овој ДУП кој претходно падна на Уставен суд, нема никакви суштински разлики од претходно што доведува до заклучок дека само со политичка волја и јасна визија може да се спречуваат штетни ДУП-ови, но и да се планираат нови кои ќе овозможат хуман развој, во целосен интерес на карпошани.

Оттука ги повикувама советниците од останатите политички партии да гласаат против овој детален урбанистички план или за симнување на точката од дневен ред.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
30 јануари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ