Левица – Кочани: Левица поднесе иницијатива за донесување краткорочен акциски план за заштита на амбиентниот воздух во општина Кочани

Zaklina_Svekjarovska_Kochani

На денешната седница од страна на членот на Левица во Советот на општина Кочани беше поднесена иницијатива за донесување краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух во општина Кочани. Иницијативата беше изгласана од сите присутни членови во Советот.

Донесувањето на ваков акциски план ќе овозможи општинскиот инспектор за животна средина да може да изрекува соодветни мерки при констатација на состојбата со висока концентрација на загадувачки супстанци во воздухот, а во согласност со Правилникот за деталната содржина и начинот на подготвување на краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух донесен во октомври 2014 година.

Исто така, на денешната седница беа усвоени и два други предлога изнесени од страна на Жаклина Филипова- Свеќаровска, претставник на Левица во Советот на општина Кочани:

1. Задолжување на општина Кочани да изготви регистар на дрвје на јавни површини на територија на општина Кочани;
2. Иницијатива за формирање регионално јавно претпријатие за згрижување и хуман третман на бездомни кучиња.

Предлозите се дадени во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Кочани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ
30 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ