По предлог на Левица целосно субвенционирање за купување на нов велосипед за социјално загрозени семејства

Katerina_Jovanovska катерина

Обраќање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА советничка на Левица во Град Скопје:

„Потребата од носење на оваа одлука е нерамноправниот третман при субвенционирањето на нови велосипеди за социјално ранливите категории на лица, кои според принципот прв-дојден прв услужен, при дигитално аплицирање за субвенции, беа оневозможени да ја корисатат оваа субвенција истакна советничката“.

Оваа одлука е производ на усвоен амандман предложен од советничката група на Левица во град Скопје, a на денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоена и Предлог одлуката за утврдување на максималниот износ за поединечна субвенција за купување на нов велосипед за социјално ранилите категории на граѓани.

Со оваа одлука се предвидува 100% субвенционирање по лице, но не повеќе од 11.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Доделувањето на поединечната субвенција ќе се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Македонија, со датум од 01.01.2022 година, се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
16.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ