Министерството за култура и Општина Берово незаинтересирани за културното наследство на Малешевијата

берово

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Добропознатата Буклиска куќа која е под заштита на Министерството за култура ја изеде забот на времето. Непријатна глетка, на самата главна улица во градот. Бројни реакции на граѓаните, молк од интитуциите.
Единствената беровска куќа која што се наоѓа на поштенска марка, заштитен споменик од турско време, денес претставува опасност за жителите на градот но и за туристите, кои се чести посетители.

Примерот и значаен белег на малешевската архитектура, историја, го губи кровот, прозорците, ѕидовите и се претвора во собиралиште на отпад. Се распаѓа дел по дел а можноста за повреда на човек кој поминува покрај неа е максимизирана.

Но, ниту руинираната состојба, ниту стравот, а ниту пак реакциите на граѓаните во околината на куќата, не успеаја да го привлечат вниманието на локалните власти. Сегашните, но и нивните претходници како да го туркаат под тепих овој пробелм, етикетирајќи го како спореден, иако не е. Човечки животи се во прашање, нашата култура, нашиот идентитет.

Ниту Министерството за култура, ниту Општина Берово не покажуваат заинтересираност за обновување на куќата и заштита на еден од многуте споменици на културата на Р.Македонија.

ЛО Левица Берово прашува: До кога градоначалникот Звонко Пеќевски од СДСМ ќе одбива да ги слушне барањата на неговите сограѓани и до кога ќе биде нем сведок на рспаѓањето на нашите културни и историски обележја?

До кога финансиите на беровчани ќе бидат пренаменувани за непотребни и странични проекти, отколку во заштита и промовирање на спомениците на културата?

ЛЕВИЦА – ЛО Берово

16 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ