Одбележан денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Куманово

311319462_408202761500642_3174985505751469327_n

Во херојско Куманово живее споменот за антифашистичката борба и победа на македонските партизани кои храбро се кренаа против фашистичките окупациски банди.

Делегацијата на Левица, предводена од членот на Президиумот, Реџеп Исмаил-Хактан и членот на Советот на Општина Куманово, Никола Лазаревски, заедно со претставници од Црвена Младина и членовите на Локалниот огранок на Левица во Куманово, оддадоа почит пред спомен обележјето, Спомен Костурницата во Куманово, како вечно почивалиште на борците од анти фашистичката и Народно ослободителната борба на Македонија.

Пламенот на македонското ослободување ќе живее вечно.

#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
11.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ