Општина Ѓорче Петров рекордер во издадени одобренија за градење во октомври 2021 година

Левица лого Бело на црвена

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Според податоците од Државниот завод за статистика, екс-градоначалникот Александар Наумоски во периодот на кампањата за локалните избори издал 160 одобренија за градење за 1.268 нови станови со 71.550 метри квадратни корисна површина.

Ваквите статистики се разочарувачки бидејќи и новиот градоначалник Александар Стојкоски го продолжува трендот на бетонизација на Ѓорче Петров. Имено, во Предлог Буџетот за 2022 година најголемиот финансиски прилив (254.924.325 денари) се очекува да биде од новодонесениот ДУП за градска четврт C3 13 (Дексион) и предходно донесениот ДУП за градска четврт C3 15 (Реонскиот центар Ѓорче).

Ваквиот тренд на полнење на општинската каса со средства од Одобренија за градба е „решение“ со кое одеднаш и во целост се исцрпува овој ресурс на приходи на општината. Истовремено, ова е и крајно нехумано „решение“ за жителите на Ѓорче Петров кои секојдневно се соочуват со проблемите на урбаното дивеење (проток на воздух, тесни улици, градинки, училишта, зелени површини, водовод, канализација, паркинзи…).

Многу логично е прашањето: Кој мираз им го оставаме на нашите поколенија? – Со кои средства во иднина ќе се полни општинската каса откако во целост ќе се заврши бетонизацијата на Ѓорче Петров?!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
23 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ