Поддршка за вработените од фабриката за шински возила “Колска” – Велес

колска велес

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради лошото менаџирање со фабриката за шински возила „Колска” , која е единствена од ваков капацитет во земјава кој може да поправа патнички и товарни вагони, вработените се приморани своите законски права да ги бараат преку блокирање на железничката станица во Велес. Вработените од Колска немаат земено три плати за последните месеци, немаат ниту здравствено осигурување поради што се приморани здравствените услуги да ги плаќаат на приватно, па дури да ги одложуваат своите операции.

Тие изминатите неколку дена молат за заостанатите три плати, но велат дека од државата нема слух за нивниот проблем. Иако во вторникот, на предупредувачки штрајк вработените си ја кажаа својата мака, никој од Владата, која е сопственик на фирмата во која работат, не се заинтересирал за решавање на проблемот.

Освен нередовни примања, вработените секојдневно се соочуваат со лоши услови за работа, без греење и без ХТЗ опрема, а кровот од работилницата прокиснува. Фабриката за шински возила „Колска“ од гигант во индустријата со повеќе од 300 вработени, денес е во катастрофална состојба со помалку од 90 вработени, милионски долг и блокирана сметка.

Поради лошиот и криминален менаџмент на Колска раководството не се во состојба редовно да ги исплатуваат платите кон вработените, ја донесоа фабриката до пропаст и девастација на сѐ што постоеше и функционираше порано.

Бараме од Владата, како единствен сопственик на фабриката итно да се заложи за исплата на заостанатите плати, како и да се подобрат условите за работа на вработените.

ПОЛИТИЧКА ПАРРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
10 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ