Советниците на Левица побараа од Градоначалникот Колев воведување на двосменско работење на општинската администрација

ВЕЛЕС ДВОСМЕНСКО

Со цел овозможување на граѓаните полесен пристап до услугите на Општината, бараме од Градоначалникот да воведе двосменско работење на архивата, граѓанскиот сервис како и специјализирано одделение кое ќе дава услуги поврзани со данок на промет, наследство и подарок, данок на имот и комунална такса-фирмарина.

На овој начин сметаме дека ќе се задоволат граѓаните, ќе се зголеми ефикасноста на општинската администрација во издавање на решенија за данок и граѓаните нема да бидат приморени секојдневно да вршат притисок за добивање на решение за данок на имот со цел да не им се собираат повеќегодишни долгови кон општината и ќе се врши редовна и непречена наплата на данокот како и зголемување на буџетот на Општина Велес.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес

19 април, 2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ