Советниците на Левица поднесоа барање до општина Велес за итна точка на дневниот ред во која се бара распишување на референдум

левица велес референдум

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советниците на Левица денес поднесоа барање до претседателот на советот на општина Велес за дополнување на дневниот ред на следната седница со точка во која се бара спроведување на референдум за изјаснување на граѓаните по предлогот на општина Велес за оттуѓување на градежни парцели во населено место Езеро Младост. Ова барање произлегува од непостапувањето на општината по претходното наше барање за спроведување на јавна анкета по истото прашање.

Апелираме до советниците од политичките партии ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ да не ги забораваат ветувањата дадени пред граѓаните во предизборниот процес дека ќе работат исклучиво според интересите на оние од кои бараа гласови исто онака како што брзо заборавија на очигледно лажната загриженост за еколошката катастрофа што пожарот на езеро Младост ја предизвика.

Обновувањето на шумскиот фонд со пошумување на нови садници на опожарените парцели беше предизборна мисија на сите политички субјекти во градот за да само по четири месеци од изборите на истите тие парцели наместо нови садници општина Велес планира хотели и мотели.Водени само од идеата за брз профит и задоволување на интересите на одредени структури без притоа да се истражи и оцени каков удар би имале тие градби врз загадувањето на воздухот,почвата и водата единствено им наштетуваат на граѓаните , за кои езерото претставува бегство од сообраќајниот метеж и загадениот воздух во градот.

Езерото Младост е на сите граѓани ,непосредното учество на граѓаните во донесувањето на важни одлуки е нешто за што политичката партија Левица се залага и е дел од предизборната кампања и програма и од тие причини бараме граѓаните на референдум да можат да си го искажат своето мислење и да дадат свој придонес во донесувањето на одлуки кои се значајни за градот.

Ние нема да отстапиме од борбата за зачувување и обновување на природниот релјеф околу езерото Младост и ќе ги искористиме сите можни средства кои законот ни ги дозволува со цел да спречиме легална узурпација, комерцијализација и бетонизација на езеро Младост.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
24 јануари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ