Тетовската клиничка болница плени со страв, ужас и неспособност

Левица лого Бело на црвена

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Тетово е врвот на корупцијата и некомпетентноста во Македонија.
Луѓе горат по болници, секојдневно умираат од корона, и врв над се’ е поради докторска негрижа и нестручност млади девојки да остануваат без својата матка. Да молиш да те лечат, а тие ти советуваат алтернативна медицина како најдобро решение.

Тетовчани ги лечат доктори со купени дипломи или стекнати поради тоа што се нечии деца. Но, ова не е само еден пример, еден куп случаеви има кои завршиле со смрт поради лекарска грешка.

Непотизмот, плагијатите, купените дипломи и разните форми на корупција оставаат трајни последици врз обичниот народ за кој никој не презема никаква одговорност.

До кога ќе трае голготата која ја поминуваат тетовчани во тетовската клиничка болница?!

Линк од приказната на Дона

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
23 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ