(Видео) Јанчев: Амандманска расправа по поднесен амандман за набавка на противпожарно возило за ТППЕ Гевгелија

Саше Јанчев 2

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради тоа што советникот од редовите на Левица беше информиран од службите дека поединечна опрема за пожарникарите треба да биде набавена до април 2022, првичниот амандман кој се однесува на опрема и возило беше повлечен и беше поднесен нов амандман кој се однесува само на набавка на мало и помобилно возило. Едно такво возило со кое единицата интервенирала успешно во 80% од пожарите е предадено на користење во Валандово, а ново такво единицата ќе добие при крај на 2022 што значи дека летниот период кога имаме пожари единицата пак ќе биде без такво возило. За да не биде единицата без такво возило беше поднесен нов амандман.

Во прилог говорот со кој советникот го објаснува амандманот:

“Поради тоа што ситуацијата со опремата на противпожарната единица во Гевгелија е очајна, ние ги гледаме пожарникарите облечени кога интервенираат но всуштина се голи со потенцијални ракети на грбот, затоа што несервисирани кислородни боци од триста бара кога затуајуваат се однесуваат како ракети, ја поздравувам одлуката да се обезбеди поединечна опрема, но ситуацијата со возилата е очајна.

Од три возила всуштност имаат едно. Единицата имала едно мало мобилно противпожарно возило. Тоа е Фолкцваген Амарок произведено 2016 година и единицата со тоа возило интервенирала успешно во осудесет отсто од пожарите. Арно ама пред да фатат огнените стихии лани летото, тоа возило било предадено на Општина Валандово и сега на единицата и е неопходно такво возило. Нема лошо ништо во тоа што возилото е предадено во Валандово со оглед на тоа што единицата од Гевгелија е надлежна и за територија на Општина Валандово, но проблематично е неговото користење.

Возилото на два дена пред локалните избори е видено во центарот на Гевгелија. Не знам за каква интервенција е било тука. Можеби во некој партиски штаб на некој му има горено под нозе или пак е било во друга намена поради тоа што на возилото пумпата му е демонтирана. А знаеме дека противпожарните возила после интервенција веднаш се спремаат за нова интервенција и без да се наполнат со вода не се гаражираат. Ова возило не е спремно и дури и пумпата му е извадена. Во ваква ситуација кога ние имаме потреба од вакво возило вака да се користи тоа возило е проблематично. Но тоа е друг проблем.

Како што кажа градоначалникот, вакво возило од донација ќе добиеме при крајот на 2022 година. Тоа во превод значи дека критичниот период, јуни, јули, август и септември, кога ние имаме проблеми со пожари ние пак ќе бидеме без такво возило. Од тие причини го предложив овој амандман, за да набавиме вакво возило со оглед на ефикасноста во борбата со огнена стихија по сведоштво на пожарникарите од противпожарната единица.

Според наши пресметки такво возило чини околу 2 000 000 денари. Ставките од кои што треба да се обезбедат овие средства се седум. Целта ни беше од што повеќе ставки да се земат што помалку пари со цел да не се оптоварат другите ставки од Буџетот. Дел од ставките се сродни, тоа се ставки кои се однесуваат на заштита. Дел од ставките се однесуваат на одржување на зелени површини, а ние реално со многу големи зелени површин не можеме да се пофалиме во градот. Па логиката ни беше дека кога немаме големи површини за одржување да одвоиме од средствата за одржување на тие површини за заштита на зелените површини кои ни ги дава мајка природа, да ги заштитиме од пожари. И третиот вид на ставки од кои што е предвидено да се обезбедат овие средства се ставки кои не ни изгледаат неопходни за функционирање како што се средства за мебел и машини за функционирање на Општината.

Да заклучам, амандманот беше предложен со цел да не бидеме во наредниот критичен период, јуни, јули, август и септември, без вакво мало противпожарно возило.”

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ