(Видео) Јованоски: Страв од јавност на “транспарентното” ДПМНЕ – Прилеп?

Иван Јованоски Левица Прилеп

Пренос на седниците на локалниот Совет во живо – толкувано како кршење на Деловник и постапување незаконски, од страна на претседателот на Советот во Прилеп

Член 42, Став 2 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп, јасно потенцира дека сите седници се де јуре јавни.

Член 66, „за работата на Советот можат да се водат стенографски белешки и истата да се снима на компакт диск“.

Член 123, „седниците на Советот се јавни“.
Што значи сите седници треба да се транспарентни и достапни за целата јавност. И лица со оштетен вид, и глувонеми лица. Поради тоа треба во целост и аудио и видео да е пренесувана на најмалку 3 медиуми. Законски.

И покрај наведенити и јасно цитирани ставови од членовите, советникот на Левица сепак наиде повторно на несогласување во толкувањето на јасно прецизираните ставови од целосниот член 42. Покрај несогласувањето, кон Советникот претходно беа упатени предупредувања и суптилни закани за сносување на кривична одговорност, неиздржано.

И повторно сите точки на дневен ред доставени од советниците на Левица се целосно одбиени со изговор дека биле „неуредно“ поднесени или дека Советот не е надлежен за истите, лично од претседателот на Советот, со што директно го прекршува и истовремено злоупотребува Член 45 од Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп:

„Дневниот ред за седницата на Советот го предлага претседателот на Советот, а го
Утврдува Советот на почетокот на седницата.“

„Ако во предлог-дневниот ред, претседателот на Советот не го внесол прашањето што го предложил предлагачот, претседателот е должен да ги изнеси причините за тоа.“

„Ако предлагачот остане при својот предлог, за предлогот се одлучува без претрес.“

Советникот на Левица продолжи со искажување на мислата преку репрезентативни аргументирања кон една од начелните ветувања на новата локална власт во предизборието, дека сите седници ќе бидат јавно пренесувани – во живо и побара појаснување зошто тоа ветување, кое во еден наврат претседателот на Советот истакна дека ќе оди во итна постапка за донесување на одлука, сеуште се одолговлекува.

Очигледно е дека умешно се избегнува „донесување на оваа одлука“, иако како што неколкупати посочи и советникот на Левица, деловнички ова е веќе дозволено. Дали постои страв од соочување со граѓаните поради неделовничко работење, кое честопати е и надвор од Законот? Дали способноста во одработување на ветеното кон граѓаните е во реципроцитет со целосната транспарентост на работата на Советот кон истите? Или е во обратнапропорционалност? Што помалку сработено, толку поголем страв од транспарентонст?

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
07 декември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ