(Видео) Реакција на Јанчев до претседателот на Советот во Гевгелија по повод неставањето на точка на дневен ред

саше јанчев

Реакција на советникот од Левица, Саше Јанчев, до претседателот на Советот по повод неставањето на дневен ред на точката чија цел е носење одлука седниците да се емитуваат во живо. Во прилог говорот:

“Почитуван претседателе,
Особено вие претседателе, ова е процедурално и се однесува на вас. Јас согласно член 23, ст. 1, ал. 2 од Статутот, кој што ми дава право да поднесувам иницијативи за ставање точки на дневен ред, уредно, лично до вас преку мејл и преку архива, поднесов иницијатива за ставање точка на дневен ред, но спротивно на чл 59, ст. 2 од Деловникот, кој вика дека претседателот на Советот ги става сите прашања на дневен ред кои што му се доставени од предлагачите и градоначалникот, точката не ми ја ставивте на дневен ред.

Претседателската функција не е приватна работа и не може со неа да си прави кој што сака. Баш напротив, таа е многу одговорна. Претседателот на Советот е должен да ги почитува Законот, Статутот и Деловникот, особено он е најповикан да ги почитува оти во спротивно ќе настане неред, а претседателот ќе биде генератор на тој неред.

Тоа е така затоа што има разлика помеѓу животинска заедница и човечка заедница, човечкото општество. Таа разлика е во тоа што човечкото општество функционира врз основа на општествен договор, а општествен договор е се, почнувајќи од највисокиот акт, Уставот, преку закони и подзаконски акти, па се до статут и деловник на општина. Тоа е рамката во која заедницата нормално функционира и кога ќе се прекрши таа рамка се создава ненормална ситуцаија која е проблематична затоа што таа си повлекува сама по себе ненормална реакција со цел ситуацијата да се врати во нормала. Или како што вика еден австриски неуролог и психолог, ненормална реакција на ненормална ситуација е сосем нормална работа.

Единствено нешто што превенира моја таква реакција е тоа што сме во краен рок за носење на Буџетот и носењето на Буџетот е во моментов од поголем јавен интерес од кршењето на моето деловничко право.

Но се надевам дека во иднина нема да ми биде кршено тоа право како би се превенирала ненормална реакција, а со цел нормално да функционираме.”

По реакцијата кажано беше од претседателот на Советот дека точката ќе биде ставена на дневен ред на наредна седница.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ