„Застарената“ Иницијатива на Левица, модерна за градоначалникот Јорданов

258777513_3159996374230840_8441418872049210978_n

На последната седница на Советот на О. Штип, иницијативата на Левица за донесување на одлука за изработка на физибилити студија со цел основање на ЈП за производство и продажба на елекртична енергија, од страна на мнозинството советници не беше прифатена. Иако беше ставена како точка на Дневен ред, покрај излагањето на советникот Ангеле Михајловски, без никаква дискусија, советниците од актуелната локална власт одбија да ја поддржат оваа идеја.

Придобивките од оваа иницијатива која доколку би се реализирала, би билo долгорочно финансиско олеснување на животот на штипјани и Штип како општина, а сето тоа преку искористување на обновливите извори на енергија и сонцето како природен ресурс.

Од друга страна, Градоначалникот Иван Јорданов одбивајќи ја предложената идеја на Левица, само два дена подоцна во дебатна емисија, истата таа идеја ја презентираше како своја авторска, истовремено квалификувајќи ја иницијативата на Левица како неоснована и задоцнета.

Од Локалниот огранок на Левица – Штип го прашуваме Градоначалникот Јорданов, како е можно пред еден и пол месец идејата на Левица да биде протолкувана како задоцнета, а денес Општина Штип започнува процес на задолжување со 4 милиони евра за да реализира капитална инвестиција – поставување на фотоволтаични панели на кровот на неколку општински објекти

Уште еднаш да потсетиме дека речиси на секоја седница на Советот, советниците од локалната власт редовно поддржуваат иницијативи на приватни инвеститори и капиталисти кои за свои лични интереси поставуваат фотоволтаици на земјоделско обработливо земјиште, а кога таа иста иницијатива е предложена од Левица и е во интерес на жителите на Штип, тогаш таа идеја се одбива!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ШТИП
02.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ