Марјан Ѓурчески – носител на советничка листа во Општина Македонски Брод

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Марјан Ѓурчески
носител на советничка листа во Општина Македонски Брод

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14925″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како другар, посветен фармацевт, човек кој на своето работно место се труди да ги покрие потребите на своите пациенти и кој е во постојана комуникација како со помлади, но и со повозрасни луѓе, кои го сакаат Македонски Брод и секогаш имаат по некоја добра идеја за поубав град. Секогаш се трудам да одвојам квалитетно време за поблиското семејство, својата девојка и пријателите, а притоа да не ги запоставам моите обврски и животни очекувања. Цел ми е да го видам Македонски Брод како град во кој ќе се отворат можности за развој на културата, спортот, екологијата, како и место каде граѓаните ќе бидат задоволни од својата работа и опкружување. Притоа имам несовладлива желба да им помогнам на луѓето да се ослободат од стегите на клиентелистичката политика и да живеат живот во кој ќе се чувствуваат сигурно и пристојно без да имаат некакви притисоци.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во Прилеп во 1993 година. Дел сум од втората генерација на моето семејство која израснала во Македонски Брод и човек кој ги негува пријателствата наследени од моите родители и блиските. Основно училиште завршив во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и училишните денови покрај школската клупа, ги поминував и на градските фудбалски игралишта и по кејот на река Треска, занимавајќи се со рекреативен спорт и риболов. Завршив средно фармацевтско училиште во Кичево во 2012 година, каде се стекнав со свој круг на пријатели. Потоа се запишав на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје на петгодишните студии, каде по завршувањето на студиите во септември 2017 година се стекнав со образовен профил магистер по фармација. Вработен сум како фармацевт од јули 2017 година во Македонски Брод и поседувам работно искуство од 4 години. Досега активно сум бил вклучен во десетина граѓански иницијативи во Македонски Брод, преку кои се обезбедувале средства за социјални категории на граѓани; организирање на акции за чистење на јавни површини; обезбедување на средства за раззеленување на јавни површини, како и собирање на средства за стипендирање на новозапишани ученици во СОУ „Св. Наум Охридкси“ во Македонски Брод. Учествував и во самоиницијативни акции за достава на храна и лекови за време на првиот пандемиски пик, како и во донација на професионални KN95 заштитни маски на локалната Итна медициска помош. Многу ме исполнува можноста која ми ја дава професијата, а преку која на моите идни помлади колеги им предавам искуства и знаења кој ќе придонесат за развој на градот и државата. Откако активно се вклучив во животот во Македонски Брод, преку моите пријатели и работата, природно ми се роди и желбата да се борам за подобар град во кој граѓаните ќе се чувствуваат сигурно и достоинствено и ќе се надеваат на живот од кој ќе бидат задоволни, без да имаат чувство за неизвесност за својата иднина, како многу генерации кои растеле во една таква средина во изминатите две децении.

Мотивација за вклучување во политика

Главниот мотив да се вклучам во политиката е бавниот развој на општествениот карактер на градот, како и неможноста за пристоен професионален развој на бројни генерации, чиј потенцијал со години останува неискористен, а воедно се и главен мотив за напуштање на градот Македонски Брод и околните села на општината. Крајно сум мотивиран да го променам ова чувство на апатија и со помош на амбициозните луѓе кои сé уште живеат во Макеоднски Брод или кои потекнуваат од градот, а се успешни надвор од него, да придонесеме да се врати надежта кај идните генерации дека нашиот град ќе биде место со кое ќе се восхитуваме.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Како млад и енергичен човек се стремам да го искористам мојот потенцијал, како и потенцијалот на моите колеги, пријатели и познаници, заеднички, од нашиот град да создадеме попристојно и поправедно место за живеење. Да ги сведеме на пријателско ниво меѓучовечките односи и да дадеме максимална поддршка во развојот на општина Македонски Брод, која со својата територијална големина нуди огромни потенцијали за развој на туризмот, сточарството, спортот и производството на зелена електична енергија. Сакам да вложам многу волја и енергија, која ќе резултира со исполнети млади луѓе, кои се задоволни со својата работа и околина, а исто така да создадеме и општина која ќе нуди можности за професионален развој. Едноставно, од нашиот град и општина, да направиме место во кое луѓето ќе можат да ја пронајдат работата која отсекогаш ја сакале, да имаат можност за рекреација и учество на културно-забавни настани, да уживаат во чиста и мирна животна средина, како и средина во која ќе можат да прават пристојни планови за иднината и развојот како на градот, така и на Македонија.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица ја избрав бидејќи е единствена политичка опција која се бори за достоинството и правата на работникот и непривилегираниот народ во Македонија. Бидејќи е опција која дава можност, нови енергични кадри да ги истакнат своите политички потенцијали и замисли за развој на државата. Исто така, Левица е партија која и покрај малите финансиски можности, самостојно и независно се истакнува во борбата за подобра иднина на Македонија!

Мојата порака до народот

Другари, роднини и работници, ве охрабрувам доистоинствено да застанете до нас во борбата за создавање на град и држава која ќе се стави во служба на обичниот народ и која ќе ги заштити сите граѓани во согласност на правата кои им ги гарантираат Уставот и законите. Не смееме да подлегнеме на голите амбиции на политичките профитери и да бидеме слуги на нивната алчност. Наша обврска е да ја вратиме државата во рацете на трудољубивите луѓе и да му дадеме шанса на секој човек да се надева на иднина и пристоен дом, без да размислува за напуштање на своето родно место и државата! Колку повеќе нѐ има нас, бројот на оние кои нѐ газат ќе биде сѐ помал!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]