Мотивација за вклучување во политика
Кога ќе погледев каков е животот во останатите држави ми беше многу тешко за тоа како живееме ние тука. Реченицата „брзо се средува мала куќа“ ме поттикна да размислам, зошто оваа наша мало држава неможе да се среди по тој терк? Не смееме да дозволиме да ја изгубиме оваа наша татковина! Мора да се бориме против грабежите кои се случуваат скоро секојдневно во нашата Македонија. Не можам и не сакам да го прифатам она што не е
нормално, како да е нормално. Знам дека во Македонија може подобро да се живее и спремен сум да се борам за таа идеја.
Единствено преку Левица можат да се направат вистински промени, какви жто народот тука и оваа држава ги заслужува. Затоа се одлучив да се вкучам во политиката преку вистинската партија – Левица.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
Нашата општина секоја година се повеќе и повеќе го намалува квалитетот на живот. Мојот стремеж е подобрување на квалитетот на живот и грижа за народот. За да дојдеме до ова, неопходно е најпрво да ставиме крај на злоупотребите на функции, партизирањето на институциите, грабежот на народни пари. Потоа, преку домаќинско работење, треба да почнеме да носиме одлуки за инвестирање во услови за достоинствен живот на народот. Со оваа кандидатура сакам да го ставам на располагање моето знаење, искуство и визија за создавање на општина која ќе можеме искрено да ја наречеме дом.
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
Левица е единствената вистинска опција која потекнува од народот. Опција, која на народот му е насушно потребна, по овие 30 години политичка декаденција. Единственото светло во овој 30 годишен мрак. За мене Левица е и повеќе од само партија. Левица е дом. Луѓето кои ги запознав тука ми се блиски како свое семејство. Во Левица има огромен човечки потенцијал и знаење, кое може значително да влијае на подобрување на условите во кои се креираат политички одлуки, како и условите во кои живееме.
Мојата порака до народот
Другари, соседи, сограѓани. Сега е вистинското време да бидеме храбри и да направиме избор за подобра иднина и подобар живот.
Да се кренеме заедно за својот сон, додека Македонија е сè уште тука и постои. Да се вклучиме во борбата додека сè уште не е предоцна. Да кажеме заедно НЕ на оваа и било која друга корумпирана власт. Да го направиме вистинскиот избор, после долго време.