Мирослав Чадевски – носител на советничка листа во Општина Демир Хисар

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Мирослав Чадевски 
носител на советничка листа во Општина Демир Хисар

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14598″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како човек со цврст карактер, свое мислење и став за работите кои не опкружуваат, чесен и политички чист, со голема пасија и желба мојот Демир Хисар да биде поубаво место за живеење. Дипломиран инженер по безбедност од пожар, со работно искуство во областа на безбедноста од природни непогоди и несреќи, како и во гастрономски и производствен сектор. Верувам во потребата од правичен локален систем кој не дискриминира и кој ги вреднува квалификациите, работното искуство и стекнатото образование пред партиската книшка.

Кратка биографија (образование, професија и работноискуство)

Роден сум во Демир Хисар, во 1996 година. Основното образование го завршив во ООУ „Гоце Делчев“во Демир Хисар. Средно образование завршив во СОУ „Таки Даскало“во Битола, додека пак, високо образование на МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Битола, на факултетот за безбедност од пожар, или како што милувам да кажам, дипломиран пожарникар – професија која исполнува и дава можност барем за кратко да се чувствуваш како вистински херој. Живеам и пораснав во Демир Хисар, местото со кое сум приврзан и не би го заменил со друго место. Првите чесно заработени пари ги стекнав уште како 15 годишник, како сезонски работник во производствени погони.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Имам искуство и во гастрономијата, како готвач во домашни и во ресторани во Германија. Системот кој моментално владее, ми дозволува да работам само како оператор во странска компанија, за минимална месечна плата.

Демирхисарец до „коска“. Во време кога сите си одат од ова мало и се’ повеќе запуштено и искрадено место, чувствувам морална должност и потреба да останам тука, но не со скрстени раце, туку со желба за промена на работите на подобро, со фокус на и грижа за народот.

Мотивација за вклучување во политика

Често велиме дека „Светот останува на младите“. Но, што ќе ми е мене како млад човек, свет кој е трул или нефункционален? Затоа е потребна комплетна промена! Прашањето е како да се промени ваков корумпиран свет? Само преку политика или евентуално на улица. Но, свет кој е заробен до овој степен или под диктатура, „улицата“ речиси и да не може да го промени. Изопачен свет полн со неправда, кој те гази, не може да не те мотивира да се обидеш да го промениш. Махатма Ганди рекол: „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Мотивиран од таа порака, промената одлучив да ја направам преку политика, колку тоа и да звучи тешко и комплексно. Расипничкото и неконтролирано трошење на државните пари, партиските вработувања и привилегии, валканата околина, предавничкото распродавање на државата, локалните шерифи, криминалот и корупцијатаа во целост – ова се само мал дел од нештата кои ми пречат во општеството.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Речиси сé! Сé што e спротивно од она што е пракса денес. Како локал-патриот и советник, најпрвин би сакал да ги променам, односно да ги подигнам стандардите на работа во советот на општината, како значајно тело кое дава допринос во креирањето на општинската политика за раст и развој на општината во сите сегменти.

Се залагам за демократизација на локалната самоуправа, ревизија на претходните политики, работењето на општината и на претходните градоначалници низ годините кои изминале. За општина во која секој работник, од хигиеничар, па се’ до градоначалник, сериозно ќе ја сфати работата, ќе води домаќинска политика, ќе се залага да го достигне максимумот, наместо да ја гледа функцијата само како извор на приходи. Нови работни места кои нема да се добиваат според партиската определба како што беше во пракса досега. Труд, желба, жар и заложба на секој работник, функционер, советник… Само така ќе ги промениме работите на подобро!

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Кога имав петнаесетина години, кога се случуваа низа политички збиднувања во Република Македонија, со гнев и омраза кон системот полн со неправда, а знаејќи дека само преку политика и политички активизам би можел да придонесам кон промена, воопшто не се пронаоѓав во двете „најголеми“ политички партии, поготово кога и двете водеа деструктивни политики и го создаваа таквиот трул систем. Во период на сивило, без вистинска трета опција, пред локалните избори во 2016 година, се појави кратко видео од дебатна емисија во која гостин, кој иако за мене дотогаш непознат, со очила, долга коса и темна кошула, за прв пат ЈАВНО го кажуваше она што јас самиот го мислам! Тогаш дознав за Левица и за останатите членови, но говорите на Апасиев беа клучни за политички да се пронајдам и да си кажам: „Тоа е тоа! Ова се луѓето кои утре сакам мене како гласач да ме претставуваат во собранието“.

Четири години подоцна, тие луѓе се таму, во собранието, го кажуваат токму она што јас го мислам и за кое се залагам. Четири години подоцна јас сум кандидат за советник во мојата општина од Левица. Сега јас ќе имам можност да го кажам она што го мислат многумина и да се борам за заложбите на моите сограѓани.

Мојата порака до народот

На моите сограѓани би им порачал да не се плашат и да излезат од стегите на бипартизмот кој владее со децении во Македонија. Огромен е бројот на незадоволни од погубните политиките на СДС и ДПМНЕ. Наместо незадоволството да го искажат преку бојкот на изборите, да го искажат со масовна излезеност и гласање за советничката листа на Левица! Само така ќе им го зададеме ударот кој одамна го заслужија. Народе, мора да ги промениме работите! Вака веќе не бидува! Да не дозволиме повторно истите локални шерифи да ни ја водат општината и државата. Време е сите заедно нешто да преземеме! Конечно има за кого да гласаме! Кога, ако не сега? Кој, ако не ние?

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]