Наталија Крстева – ностителка на советничка листа на Општина Валандово

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Наталија Крстева
носителка на советничка листа во Општина Валандово

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14883″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишала како амбициозна и упорна личност која не се откажува од поставените цели. Човек кој постојано се труди да се надградува со знаење и сака да помогне општината да стане убаво место за живеење. Сакам да ги инспирирам луѓето да бидат подобри во сето она што го работат и заедно со нив да бидеме партнери кои ќе создаваат нови позитивни вредности.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Родена сум во Струмица, а живеам во Валандово. Формалното образование го започнав во ОУ „Јосип Броз Тито“во Валандово. Средно образование завршив во медицинското училиште „Јане Сандански“во Штип, насока-физиотерапевтски техничар. Бидејќи мојата желба отсекогаш беше да станам лекар, високо образование исто така продолжив во Штип, на Факултетот за медицински науки при УГД, каде што сум тековен студент, шеста година, на студиската програма Општа медицина. Планирам професија во избраната дејност и ќе се борам за можност знаењето да го практикувам овде, во Македонија, без да морам да размислувам за селење надвор од државата, каков што за жал е случајот на многумина мои колеги.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Една од главните мотивации за вклучување во политиката е одлуката дека сакам своите успеси, кариера и живтот да ги градам овде, дома, во мојата татковина. Разочарана од системот, од економската стагнација и од фактот што младите кои останаа во Македонија се вработуваат само со партиска книшка, сметам дека не треба да останеме само пасивни набљудувачи на случувањата во државата, туку треба да дадеме активен придонес за рушење и смена на овој систем, водно и за решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваме.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Секоја индивидуа во општеството треба да се стреми да создаде подобри услови за живот. Сметам дека како индивидуа ќе имам свој придонес во развојот на демократскиот капацитет на мојата општина и во нејзиниот просперитет. Ќе се трудам и ќе се борам да биде така, бидејќи животот е постојана борба.

Во последниве години може да се каже дека Валандово доживеа катастрофа во сите сфери, дојде до стагнација во стопанството и во економскиот развој на градот, по што следеше и масовно иселување на луѓето. Време е да ставиме крај на иселувањето на младите од Валандово и од државата, на партиската книшка како „сигурна виза“ за вработување, како и на ниските плати кои се навредливи и демотивирачки.

Исто така, мора да водиме грижа за проблемите во јавното здравство, кое е пред колапс. Здравството не е бизнис и треба да биде достапно и БЕСПЛАТНО и насочено кон подобрување на здравјето на секој граѓанин. За да постигнеме поголема промена во здравствениот сектор ќе ни треба време, а само со упорност и преку цврста и бескомпромоисна борба, таа промена ќе може да стане видлива.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Моите мислења и ставови се совпаѓаат со идеологијата на политичката партија Левица. За мене Левица е единствената политичка партија која се бори против неправдите со кои секојдневно се соочуваме и е единствен претставник на интересите на граѓаните на Република Македонија!

Мојата порака до народот

За да се направат темелни промени, потребен е многу труд и напор, едукација и континуирано надградување во текот на целиот живот. Иднината и ентузијазмот на народот не смеат да бидат уништени од недостатокот на доверба и разочараноста кои се присутни во сѐ поголема мера. Нашите права и слободи и желбата за подобра иднина треба да се основни мотиви кои ќе не водат.

Време е заедно да се избориме за нашите права и слободи и да работиме на нивна заштита и унапредување. Време е заедно да го срушиме тридеценискиот трул систем и да почнеме да градиме нов, но овој пат втемелен на здрави и цврсти темели!

Не е страшно да почнеме од почеток. Страшно е само никогаш да не се обидеме да ја направиме потребната промена.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]