Би се опишал себе си како вреден работник, кој се залага за подобрување на условите на работниците, голем бунтовник против неправдите во општеството и борец за нивно темелно искоренување.
Кратка биографија (образование,професија и работно искуство)
Роден сум 1993 година во Куманово. Основно училиште завршив во Кочо Рацин, додека средно во СОУ Перо Наков. Дипломирав на Правниот Факултетпри Универзитетот Гоце Делчев во Штип, оддел Применета политика и дипломатија. По дипломирањето се вработив како агент за продажба во домашна компранија за трговија и продажба на кондиторски производи, каде сé уште работам.
Мотивација за вклучување во политиката
Во ниту еден случај не треба да останеме само неми набљудувачи на овој триесет годишен зулум и расипништво во Македонија. Единствен начин за темелна промена на општеството е токму преку политички активности и дејствија. Општеството е презаситено од корупција, криминал беззаконие и непочит кон обичниот човек.
Промена мора да има! Промената е неопходна! Затоа во овој момент е потребна силна борба и истрајност, со цел да се постигне промена, а не замена на политичките субјекти.