Новица Петровски – носител на советничка листа во Општина Јегуновце

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Новица Петровски
носител на советничка листа во Општина Јегуновце

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14910″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како посветен сопруг, родител на две ќерки, чесен работник и другар, што сака да се најде на секому и во добро и зло. Потекнувам од просечно работничко македонско семејство. Спремен сум да се борам и да го вратиме сјајот на општината која со години е дрско уништувана од страна на корумпирани градоначалници и советници.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1989 година во Јегуновце како втора генерација која го почнува својот живот во ова село, во која мојот татко се населил за време на работата на „Југохром Фероалојс“ и фудбалскиот клуб ФК „Југохром“, каде мојот татко беше тренер. Скоро целото мое детство е поврзано и поминато на фудбалските терени низ Општината Јегуновце.

Средно образование завршувам во Тетово во средното училиште С.У. „Ѓоце Стојчевски“, како хемиски–технолошки техничар со надеж дека својата кариера ке ја продолжам во фабриката „Југохром Фероалојс“.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Време е нешто ново да се случи на политички план во Македонија. Народот е веќе презаситен од игрите на големите партии и конечно се потребни нови, свежи ликови на политичката сцена. Доста е од истите веќе видени, застарени и компромитирани политички фаци и нивните криминали. Сакам подобра иднина за мене, за моето семејство и за сите нас! Сакам општината и државата да станат место каде живеат среќни луѓе, а не по светот да нѐ промовираат како земјата во која живее најнесреќен народ, со највисоки стапки на корупција. Ова мора да се промени. Нашиот народ заслужува да живее достоинствено.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

За жал, мојата општина наместо да се издигнува, таа тоне сé повеќе поради партиската алчност на раководните органи. Ќе направам сé, да ставиме крај на оваа корупција, а како директен коректор на власта, да го подобрам квалитетот на животот во Општина Јегуновце.

Со оваа кандидатура сакам да помогнам на граѓаните од Општина Јегуновце да имаат услови за нормален и достоен живот според нивните потреби, да го запреме непотизмот и крадењето на народни пари, да организираме локални референдуми, иницијативи и граѓански собири, како алатка за планирање на развојот на општината. Само заедно можеме да дојдеме до потребните промени за подобар живот.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица е единствената одбрана од корумпираната власт. Од почетокот на своето постоење, па сѐ до денес се залага за обесправените, за угнетените, за послабите. Левицата е за еднаквост, не само формална, туку и суштинска. Левица е доследна на левичарските вредности – се залага за рамноправен третман на сите граѓани, со посебен фокус на работникот. Членовите се луѓе од народот, работници, мали претприемачи, информатичари, економисти, правници, фармацевти, инженери, агрономи, геодети и сите се посветени на целите – запирање на штетните политики на властите и ставање на човекот во фокус на системот и институциите. Левица е гласот на народот, светлото на крајот од тунелот!

Мојата порака до народот

Мои другари и другарки. Сега имаме можност да направиме суштински промени во Општина Јегуновце и во држвата. Доста е од клептократското владеење на докажано штетните кадри од големите партии. Време е за промена и шанса за подобар и поквалитетен живот. Време е да се слушне гласот на народот. Време е да дадеме отпор и заедно да создадеме дом во кој ќе можеме нормално да живееме.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]