Оливера Стефаноска – носителка на советничка листа во Општина Кичево

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Оливера Стефаноска 
носителка на советничка листа во Општина Кичево

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14799″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишала како посветена сопруга и мајка на две прекрасни деца, успешна во својата работа, професионален и лојален работник, чесна и искрена, а за моите пријатели, моето мото – водилка е „Еве ти рака пријателу, стани, дури и по цена јас да паднам“. За сите луѓе од моето опкружување, за моите сограѓани, пријатели и семејтвото, решена сум да се борам против сите досегашни корумпирани градоначалници и советници во Општина Кичево!

Кратка биографија (образование , професија и работно искуство )

Родена сум 1980 година во Кичево. Основно и средно образование завршив во Кичево, а високо образование во Тетово, на Државниот Универзитет Тетово, каде што се стекнав со назив – професор по Социолигија.

Целото мое работно искуство, се заснова на работење во неколку приватни компании. Моментално работам како администратор во фабрика за фасадни материјали, како и административен менаџер и компјутерски услуги за европска компанија. Секогаш работам со максимална посветеност и лојалност, се вложувам повеќе од потребното, перфекционист сум по природа. Детално ги разгледувам зададените задачи и од нив учам секој ден.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Како, дипломиран професор, ќе се залагам за квалитетно образование во Општина Кичево со квалификувани кадри од областа, како и за департизација на вработените во училиштата, кои би требало да вложуваат во себеси и својот развој, за да можат да им бидат посветени пред сѐ на децата и младите.

Како администратор по професија, ќе се залагам за поефективна и побрзо услужлива администрација, преку соодветни обуки, следејќи го трендот на брз развој на технологијата. Од лично искуство знам дека со правилно користење на технологијата, изнаоѓањето на најслабата алка во синџирот на процедури, времето потребно да се заврши некоја задача или услуга се намалува двојно и повеќе. Со тоа, времето на чекање на граѓаните, за да ги добијат бараните резултати драстично би се намалило.

Мотивација за вклучување во политика

Јас сум човек кој верува во еднакви можности за сите. Јас сум човек кој сака да биде вреднуван според знаењето и квалификациите што ги поседува. Верувам дека единствениот капитал кој што човекот секогаш го носи со себе е знаењето. Во нашата општина е многу тешко да живееш според такви принципи. Затоа ја одбрав Левица. Бидејќи вредностите ни се совпаѓаат. Не сакам да бидам нем посматрач пред партизацијата, пред криминалите, пред корупцијата која е навлезена во сите пори на нашето општество. Не сакам да молчам пред корупцијата која е навлезена во здравството, образованието, политичарите… Не сакам да молчам и да бидам соучесник во разнебитувањето на нашата општина како основна клетка на една држава. Се водам по правилото: „Ако сакаш нешто да смениш во светот, прв чекор е да почнеш од себе си“.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Секоја индивидуа треба да се стреми првенствено кон подобрување на самиот себе си, а потоа и околината која го опкружува. Верувам дека надградувајќи се себеси, преку стекнување нови знаења и искуства, секој може да биде и соодветно платен. Верувам, се залагам и секогаш ќе се залагам, работникот да биде платен според трудот и знаењето кое го вложува. Се залагам за еднаква распределба на трудот и капиталот.

Верувам дека секоја општина треба да биде гордост и инспирација за секој граѓанин што живее во неа! Верувам дека секоја индивидуа треба да има можност и шанса да ги изрази своите таленти во одредена област. Ќе се залагам секој да има пристап до тие можности, без разлика на класните разлики.

Ќе се залагам за развој на спортот и културата во нашата општина. Исто така, инфраструктурата во општината мора да биде на ниво со европските вредности. Ќе водиме транспарентна, домаќинска политика во општината, со инсистирање на одговорност и безрезервна грижа за граѓаните.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

За прв пат од осамостојувањето на Република Македонија, се појави партија од која не би се срамела и со гордост би потенцирала „Да, јас сум за Левица! Јас сум за неподмитливите!“. Живеевме во општество со испревртени вредности. Живеевме во општество каде верувањето во чесност се смета за наивност. Живееме во општество, каде ненормалните работи се сосема нормални. Нормално е да го подмитиш лекарот, за да се грижи подобро за пациентот. Нормално е да го подмитиш судијата, за да пресуди во твоја корист… Насушно беше потребно да се појави партија како Левица. Партија која испревртените вредности ќе ги врати наместо! Партија која ќе го претставува Народот. Чесниот, обесправениот, трудољубивиот, работникот…

Се кандидирам преку Левица бидејќи Левица е единствена партија која се спротивстави на неправдата! Бидејќи ни се совпаѓаат вредностите во целост. Време беше некој да излезе од рамката и да му покаже на Народот дека постои некој кој навистина се грижи за нив. Некој кој ќе се бори со сите сили против олигархијата. Борбата само што започна, а јас максимално ќе се посветам да помогнам во таа борба!

Мојата порака до народот

Драги мои сограѓани, соседи и пријатели од Кичево, без разлика на вера и етникум, класа и статус, зарем не ви е доста од беззаконие? Зарем не ви е доста од владеењето на урбаната мафија? Придружете ми се во борбата! Да го ослободиме Кичево од рацете на олигархијата. Да го воведеме правото во сите сфери на нашето општество. Само заедно и сложно можеме да им застанеме на патот. Да им застанеме на патот кој води во неповрат. Да се спротивставиме на сите неправди кои му се прават на народот, само затоа што не е партиски определен, или е сиромашен, или не е дел од елитата, или само затоа што не е во можност да ги потплати. Да бидеме решителни и упорни во борбата за подобар и достинствен живот на кичевчани!

Соберете храброст и одважете се! Не гласајте за помалото зло, гласајте за единственото добро! Силата е во Народот, а Народот е Левица! Левица е искрата во мракот!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]