Петар Диклиќ – носител на советничка листа во Општина Старо Нагоричане

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Петар Диклиќ
носител на советничка листа во Општина Старо Нагоричане

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”15114″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како вечен борец против корупција. Роден левичар, бидејќи секој човек кој сака правда е левичар. Земјоделец, кому му е најважно да работи добри работи, а тоа е создавање на нова вредност. Човек кој верува дека мора да вложуваме во образованието, бидејќи сѐ она што е добро во една држава е резултат на знаење, а она што е лошо е резултат на незнаење. Сметам дека еден од столбовите на стабилност за секоја држава е домашното производство на храна. Оттаму, се залагам за клучни реформи во насока подобрување на состојбата кај земјоделците и овозможување особено на младите да сами преку земјоделство си ги обезбедуваат своите приходи, да си ги издржуваат семејствата и обезбедување на материјални услови за тоа.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во регионот Лика, во селото Брлог, во Хрватска. Живеам и работам како земјоделец во Старо Нагоричане. Цел свој живот работам во земјоделие, како и денес. Основна егзистенција за мене и семејството обезбедувам преку земјоделие, што всушност значи создавање на нова вредност. Најголемо е задоволството кога гледаш како од едно создаваш повеќе. На пример, ќе посадам еден компир, а наоѓам десет компири – тоа за мене се девет компири нова создадена вредност.

Земјоделието е благодорна работа и навистина е голем проблем што младите сѐ повеќе ја избегнуваат оваа дејност, затоа што од истата не можат да обезбедат достоен живот за себе и своите семејства.

Бидејќи не секој има почетен капитал да купи земја, да инсталира систем за наводнување, да си дозволи механизација… општината и држвата треба да води грижа да сите кои сакаат да можат да се занимаваат со земјоделска дејност. На пример, да им додели државно земјоделско земјиште на заинтересираните лица на користење, да обезбеди долгорочни кредити преку домашна развојна земјоделска банка, со кои ќе можат да набават механизација, репроматеријали и друго. Првите неколку години да се обезбедуваат и субвенции и друга помош додека тие

застанат на свои нозе. Субвенциите би биле во потребни материјали, а не во парични средства. Потоа ограничување на земјишниот максимум, преку кој ќе се регулира грабањето на земја од големопоседниците. Регулација на маржите на трговците, како и заштитни регулирани минимални цени кај фундаменталните земјоделски производи. Укинување на субвенции на правните лица кои се со огромен потенцијал, и нивно насочување кон младите земјоделци, фармери, и малите преработувачи на земјодњлски производи. Планско земјоделство, со посебен аспект на дефицитарните производи, житни култури, шеќер, сончоглед и друго.

Со овозможување на услови за развој на земјоделието, земјоделците нема да гледаат на работата на нивите како дополнителна дејност со можност да си ги дополнат ниските приходи, туку ќе се определат за професионално земјоделско производство, со кое сами ќе си заработуваат за издржување на своите семејства, а и производство на храна ќе ги задоволува домашните потреби и ќе се размислува и за извоз.

Мотивација за вклучување во политика

Целиот мој живот, тие 30 години живот во Македонија е борба против корупција. Токму тоа и ме натера да станам член на една партија како Левица.

Државата, киднапирана и окупирана од олигарси и корумпирани политичари стана узурпатор на локалната самоуправа и животот во неа. Ги узурпираше шумите, водата, земјиштето… узурпираше буквално сѐ! Сиромаштијата на селото и држвата воопшто, во голема мера се должи на тешките услови во кои се наоѓа главната стопанска гранка на село, а тоа е земјоделието. Младите сѐ повеќе размислуваат за трајно заминување преку граница. Не се тие виновни, туку системот. Мора да се промени системот; да се промени политиката внатре во државата.

Потребни се промени, што побрзо. Во спротивно ќе останеме држава на стари луѓе, која нема уште долго да може да постои.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Потребни се многу и клучни промени. Трагедијата која ја погоди нашата општина летово укажа на комплетната нагрижа за заштита, пред се, на животите на жителите потоа и на нивните имоти. Според ова, можеби и примарно е осовременување на возниот парк на територијалната Противпожарна служба, поставување хидранти до капиталните градски објекти, со цел нивна ефикасна заштита при евентуален пожар, организирање превентивни обуки за заштита и спасување на луѓето и имот, изведување координирани показни вежби за хипотетички природни непогоди и други несреќи од поголеми размери итн. Во поглед на комуналната инфраструктура наша заложба е обезбедување на основното човеково право на чиста вода за пиење во секое село. Исто така, како земјоделски крај, ставаме приоритет на перманентно одржување на водоснабдителните мрежи наменети за земјоделско полевање. Патната инфраструктура исто така бара сериозна инвестиција со оглед на слабата поврзаност помеѓу населените маста во Општината. Потребни се добри и асфалтирани патишта до секое село и населба во Старо Негоричане. Потребно е и утврдување на состојбата на патиштата и покриеноста со јавен превоз во општината и нејзината поврзаност со околните општини. Не смее општина Старо Негоричане да остане отсечена како до сега.

Потребна е детална ревизија на сите договори и проекти спроведени низ годините. Првиот проблем зошто злоупотребата на службените позиции проаѓа неказнето е намерното непостапување на држвните служби, наш план е да извршиме сериозно екипирање на инспекциските служби со квалитетен кадар со цел зголемување на нивната ефикасност. Другиот проблем е нетранспарентноста на општината. Моментот кога советниците и градоначалниците го добиваат својот мандат се затвараат во четири ѕида комплетно отстранети од народот кој ги гласал. Затоа седниците се одржуваат во работно време, во работни денови. Затоа нема однапред презентирани планови пред граѓаните. Овие работи мора да се променат, општината мода да стане достапна за граѓаните. Затоа јас, Петар Диклиќ, како советник редовно ќе одржувам отворени денови каде секој заинтересиран од мојата општина ќе може да си ги изложи своите маки и проблеми.

Ревизијата на доделените концесии на државно земјоделско земјиште е неминовна. Имаме случаи кога наша голема винарија доби од државата стотици хектари земја за подигнување на лозови насади, и во овој случај директно се уништуваат останатите приватни лозари кои егзистираат со одгледување на лозје. Како што кажав и во другото прашање, грабањето на земја од мега корпорациите и феудалците е уништувачко за стотици и илјадници други земјоделски семејства и мали земјоделаки задруги. Тие неможат да им конкурираат во производството, а ги уценуваат со разни услови и цени. Вака од земјоделци добиваме социјални случи. Исто и пасиштата во државна сопственост, треба да се доделуваат правилно и со погодни услови спрема младите фармери. Ние како партија сме изричито против продажба на државно земјоделско земјиште и пасишта, бидејќи тие се општо добро, и во сопственост на целиот народ на оваа држава. Транспарентна, правилна распределба на ова земјиште е еден од клучните фактори за раст и развоj на земјоделието како гранка.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Јас сум роден левичар. Секој човек кој сака правда е левичар. Левица ги дели моите ставови, а јас нејзината идеологија. Тоа е природен спој.

Како Партија ние се залагаме за искористување на сите капацитети со кои располага Република Македонија. Суштински каде се разликуваме од сите останати политички чинители е во нашите заложби за плански пристап со цел задоволување на потребите на нашиот народ, наместо препуштање во анархијата на слободниот пазар. Токму затоа една од клучните наши заложби е забрана за продажба државните капацитети. Досега единствениот пристап кон располагање со ресурсите е всушност нерасполагање или поточно распродавање.

Мојата порака до народот

Вистинските херои во оваа земја се сите луѓе кои ја сакаат оваа земја и се борат за правда. Меѓутоа, воочив дека имаме доста „криза на храброста“.

Тоа во Левица го нема. Заедно со Левица е време да не се плашиме веќе. Да погледене околу себе, да видиме кои ресурси ги имаме и зошто тие ресурси не се ставени во функција. Еднаш веќе мора да кажеме “ДОСТА БЕШЕ!“

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]