ПЛЕНУМ


Пленумот е највисок орган на Левица. Пленумот може да биде редовен или вонреден.

Пленумот го сочинуваат:
– Претседателот на партијата;
– партискиот благајник;
– членовите на Централниот комитет;
– членовите на Президиумот;
– членовите на Трибунатот;
– сите избрани или именувани носители на јавни функции преку Партијата (пратеници, советници, министри, заменици-министри, државни секретари, директори на јавни претпријатија и сл.);
– делегатите од Програмските сектори;
– делегатите од Локалните ограноци; и
– делегатите од нераководните работни тела.

Пленумот полноважно работи ако се присутни повеќе од половината од вкупниот број делегати.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e