Пререгистрација на Левица

Другарки и другари,

Согласно Законот за политички партии во Република Македонија, дојдено е времето за пререгистрација на Левица. Задачата што мораме да ја исполниме во наредните три месеци – за партија од нашиот калибар – која го избира патот на автентично градење на масовна работничка организација која пркоси на општествениот поредок кој ги богати елитите на грбот на сиромашните, не е едноставна и тривијална, каква што е за останите бизнис-партии под ова поднебје. Но, со ваша помош, веруваме дека лесно ќе ги собереме неопходните илјада потписи и навреме ќе ја исполниме законската обврска за пререгистрација на Левица.

Со цел да се олесни процесот, оставени се нашите изјави во 30 нотарски канцеларии ширум Републиката, каде со лична карта и без никаков трошок можете да заверите Изјава која останува кај нотарот. Во зависност од местото на живеење, контактирајте нѐ на 078/710-850 за да ве упатиме кај најблискиот нотар.

Ова е јавен повик до секој член и симпатизер на Левица, до секој кому му е смачено од дивиот би(знис)партизам во Македонија, до секој млад и стар кој сака да биде дел во градењето на поинаква и посветла иднина, да учествува во процесот на пререгистрација на Левица и да се стекне со статус на нејзин основач!

Ако ви е смачено од трулото секојдневие, експлоатацијата, понижувањето и криминалот кои се закануваат на интегритетот на нашата заедница и суверенитетот на нашата Република и ако сакате да придонесете во борбата против интересите на бизнис-заедницата, олигархијата и послушниците на Западот кои ги срушија сите демократски, социјални и работнички начела по кои беше градена и се водеше Република Македонија, пополнете ја нотарската изјава за пререгистрација.

Нашата централна канцеларија на ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 20, влез 1, кат 3, стан бр. 12 – општина Центар, 1000 Скопје (до зградата на Грчка амбасада, спроти кафе „Излет“) ќе биде отворена секој ден од 10 до 16 часот, каде што можете да ни ја доставите вашата заверена изјава.

Најдобрите денови се оние кои сѐ уште не сме ги доживеале!
Ќе победиме!
#ПриклучиСе


НОТАРСКА ИЗЈАВА за пререгистрација на Левица


lev