Излагање на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, кој на вчерашната собраниска седница амандмански реагираше против измените со кои се воведоа двојазични лиценци за работа во градинките:
Амандман 5 од Уставот јасно кажува дека Македонија не е двојазична држава. Форсирањето лиценци само на македонски и албански, не е со цел заштита на јазиците, туку инструмент за дезинтеграција на македонското општество!
Во Македонија службени јазици со ограничена употреба, со цел нивна регионална заштита се: и турски, и ромски, и влашки, и албански, и српски и босански. Затоа, форсирање да се издаваат двојазични лиценци само на македонски и на албански е спротивно на Амандман 5 од Уставот и не е со цел заштита на албанскиот јазик, туку е во функција на дезинтеграција на македонското општество.
Ова е директно нарушување на уставниот поредок и уништување на концептот на еднаквост меѓу сите граѓани!