(Видео) Мојсоска: И денот на Санстефанска Бугарија да го прогласиме за државен празник нема да влеземе во ЕУ

image

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Дел од вчерашното гостување на Клан Дебата на пратеникот од #Левица, Јована МОЈСОСКА:

Кај нас проблемот е што се поистоветува НАТО со ЕУ. Ние сме анти – НАТО партија, како и голем број левичарски партии во светот. Сме за ЕУ, но НЕ по секоја цена.

Деновиве пристигна Извештајот на Европската Комисија каде што имаме 120 препораки и истиот не се разликува многу од претходните Извештаи. Клучните сегменти, корупцијата, борбата со организиран криминал – остануваат без никаков напредок.

Ако сакаат Бугарите, дури и 3 март да го прогласиме за државен празник (денот на Санстефанска Бугарија), повторно нема да влеземе во ЕУ, токму поради ситуацијата во која се наоѓа македонското општество.

Ние не можеме да ги обезбедиме ниту најбазичните, најфундаменталните услови за живот, а постојано правиме некои компромиси со националните прашања, со идентитетот на Македонците.

Дојдовме во ситуација да сме уценувани од најслабата земја – членка на ЕУ. Тоа е недостаток на дипломатијата која ја водеа СДС и ДУИ.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ