Додека носи закони на штета на лицата со попреченост, власта манипулира со нивната положба

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Негодувањата на Министерството за труд и социјална политика во врска со предлогот за изменување на Законот за детска заштита, поднесен од пратениците на Левица, со кој финансиската поддршка за децата со попреченост ќе се зголемеше за 100%. се манипулативни и злонамерни. Извршната власт, во изминативе пет години, не презеде ништо во однос на правата на овие лица.

Впрочем, во февруари оваа година,  владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ, донесе измени на Законот за социјална заштита, кои беа директно на штета на лицата со попреченост.

Со ваквите измени, лицата со попреченост се принудени секоја година да бараат стручен наод и мислење за степенот на попреченост од Комисијата при Заводот за ментално здравје, за да можат да ги остварат своите права! Исто така, со усвоените измени на Законот, наместо поедноставување на процедурите потребни за преглед, анализа и конечно мислење за лицата со посебни потреби, истите се усложнуваат.

Така на пример, доколку незадоволното лице поднесе жалба против решение на Центарот за социјални работи, тогаш Министерството за труд и социјална политика повторно треба да бара мислење од Службата за функционална проценка, што воопшто не е логично, бидејќи истиот орган веќе еднаш дал мислење за истото лице. Исто така, дополнително се одолговлекува постапката по жалба, а со тоа и времето за остварување на правата на лицата со попреченост.

Јасна е целта на небулозната реакција на Министерството за труд и социјална политика, кое во услови на безидејност, неодлучност и некомпетентност, води политики кои ја влошуваат општествената положба на лицата со попреченост. Доколку навистина сакаа да покажат интерес за решавање на проблемите на оваа група граѓани, од Владата можеа на едноставен правен начин да поднесат соодветни амандмани на предлогот на законот, кој го поднесоа пратениците на Левица, и на тој начин уште повеќе да се подобри законскиот текст во насока да се излезе во пресрет на оваа група.

Но, тоа не се случи и со тоа се потврдува дека намерата на Владата воопшто не е во насока на задоволување на барањата на лицата со попреченост, која троши милионски суми за вооружување и НАТО-пактот, а нема финансии за лицата со попреченост и стечајците.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА 
20 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ