На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, упати критики до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за неактивноста и потфрлањето на институцијата особено во случајот со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ:
„Како ДКСК може да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија” – посочи Исмаил.
Тој ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет!
Хактан потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата: „Кој ги надгледува надгледувачите? Довербата во Вашата институција е на нула, и време е да се преземат чекори за да се спречи ова партизирање“ – порача пратеникот од Левица до претседателката на ДКСК.