На денешната собраниска Комисија за енергетика, пратеникот од Левица – Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но, претседателот на Комисијата – Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање.
Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичностна лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ. Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ!