Говорот на Пратеникот Борислав КРМОВ, по однос на интерпелацијата поднесена од Левица за дивеењето на собранискиот спикер Африм Гаши:
„Мене ми е многу интересно како секогаш кога политичките претставници на албанското малцинство се повикани да НЕ ги кршат Уставот и законите, малтене секојдневно, тоа се толкува како национализам или албанофобија?! – Небаре, нивно етничко право е да ги кршат Уставот и законите секогаш кога ќе посакаат!
Гаши го пратил шефот на неговото обезбедување да ја ‘смирува’ ситуацијата и додека бил таму (на аеродромот) се заканувал, туркал (според сведоци и иако не е влезено во извештајот на МВР) тој извадил и пиштол. Тој пробал да ја ‘смири’ ситуацијата со репетирање пиштол, кој го вперил во вработените!
Гаши треба веднаш да си поднесе оставка! Ако претседателката на Косово му е поблиска заради нејзината етничка припадност, не може човек што ја држи втората најбитна функција во државата, понекогаш и најбитна, да размислува етнички наместо државнички. – Гаши не е племенски поглавар!
Сакам да ја прокоментирам изјавата на премиерот за оваа одлично образложена интерпелација која ја нарече ‘незрела и глупава’. Интересно секогаш кога Левица го напаѓа ДПМНЕ наративот сакаат да го свртат кон СДСМ. Зошто? – Затоа што СДСМ е (не)пријателот, којшто тие добро го познаваат и сакаат пинг-понгот на власт овие 30 години да продолжи.
Сакам цел процес да го демистифицираме. Прво и основно, не се работи за прекршување на ниту едно право, особено не на пратениците Албанци! Тие го добиваат секој документ двојазично. Тука се работи за наметнување, насилно, неуставно и незаконско, на двојазични дописи на пратениците Македонци кои што не им требаат…“