Излагање на пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ на комисијата за Политички систем по однос на извештајот за состојбата на Ромите во македонското општество:
„Во повеќе случаи може да се забележи системска дискриминација, по основа на етничка припадност. Тоа е најчесто изразено по однос на ромската заедница. Јас би рекол можеби и не се зборува доволно. Можеби и Омбудсманот како институција треба да се бави со таа проблематика.
Иако и овде треба да се дојде до консензус, Владата треба да има желба да го реши тоа системски, но ние имаме ниво на дискриминација која доаѓа до ниво на расисам, до ниво на гетоизација, до ниво кое доведува до системска репресија која не дозволува автентично издигнување на ромската етничка заедница. Тоа значи дека без разлика на нивната политичка репрезентација, за нив е предодредено дека се заглавени во таа системска репресија.
Едноставно државата треба да почне да одговара на овие проблеми, затоа што ако триесет години ни требало да се стабилизираме и да видиме како се води држава. После триесет години овие прашања треба да бидат топлите прашања на маса. Ние имаме цела етничка група која живее субоптимално, и не се зборува доволно во политичкиот дискурс и ова може да се нотира во сите извештаи.“