Јанчев: Гаши води политика на дезинтеграција преку напад на македонскиот народ

Screenshot 2024-09-03 183343

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Говор на пратеникот Сашко ЈАНЧЕВ – по однос на интерпелацијата за собранискиoт Спикер – Африм Гаши и погазувањето на македонскиот јазик од негова страна:

„Нема друг службен јазик во меѓународни односи по Устав. Нема тука никаква дилема!

Венецијанската комисија рече дека предалеку се оди со наметнувањето на албанскиот јазик, дека се излегува од стандардите утврдени со Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, дека се создава нереална правна обврска за институции, се оптоваруваат и блокираат институции, се загрозуваат права гарантирани со Европската повелба за заштита на човековите права.

Еве Рамковен договор Анекс Б, точка 8, алинеа 1 стои дека на пленарни седници и во работни тела на друг службен јазик пратеникот може да се обраќа, а не да ги води, како што тоа го прави Африм Гаши. И овој напад со овој Деловник овој пат дојде синхронизирано, сите го гласаа и СДС и ДУИ и Алијанса за Албанците и ДПМНЕ, сите влегоа во оваа шема.

Еве што за тоа вика Одбор за образование, наука и култура на Европскиот парламент: ‘пожелно е секој европјанин кој што не го зборува службениот јазик да го учи мајчиниот јазик’, ама потоа вика ‘должност на секој европјанин не да го учи службениот јазик, да го научи службениот јазик чиј граѓанин е’.

Европската повелба за регионални и малцински јазици вика дека не е целта ние да направиме гетоизација на јазичните групи, целата е да се заштити јазикот како културна придобивка и културно наследство. Повелбата има граници до каде оди.

Нас не ни смета Африм Гаши што е Албанец! – Нас ни смета што тој води политика за дезинтеграција преку напад на македонскиот народ. Ние сме спремни да се бориме за правата и да ги заштитиме сите групи во Македонија, но, исто така сме спремни до крај да се бориме против сите политички чинители коишто водат политика на дезинтеграција на Македонија.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ