Апасиев како нов претседател на собраниска комисија најави соработка со експертите и невладиниот сектор!

Screenshot 2024-06-22 142957

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Процедурално обраќање на проф. д-р Димитар Апасиев – по однос на работата на Анкетната комисија со која тој раководи:

 „Сметам дека има простор за подобрување на политичката култура која досега се негуваше. Таа политичка култура значеше дека овие извештаи беа проформа разгледувани досега во Собранието. Без стручна јавност, без експертиза, без невладин сектор!

Анкетна комисија, којашто е уставна категорија за разлика од сите други комисии во Собраниево, и те како има институции со кои може да соработува. Еве јас издвоив неколку: Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, Антикорупциска, Антидискриминаторска, Омбудсман, Биро во Стразбур пред Европски суд, има основ, ние како нов Парламентарен состав, во иднина да држиме заеднички расправи!

Сакаме да воспоставиме една поинаква политичка култура во иднина, а тоа е да даваме акцент на овие извештаи, бидејќи не се про форма. Овие луѓе работат, и те како имаат експертиза, и те како треба ние како пратеници да ги сослушаме, и да ги имплементираме нивните забелешки годишно!“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ