Исмаил кон Мицкоски: Ви понудивме Унитаризам, избравте етнотрибализам

Screenshot 2024-06-23 165419

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – ХАКТАН, во својот говор на седницата за избор на нова Влада, обраќајќи се кон Мицкоски, потенцираше дека ,,Левица им понуди Унитаризам, а ДПМНЕ избра етнотрибализам”.

  • Да ви укажам благодарност за тоа што како Турчин ме поканивте да бидам дел од вашата Влада. Но, како дел од мојата пратеничка група на Левица, да ве потсетам дека согласно со еден од најголемите револуционери на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во согласност со неговите идеали за унитарна, секуларна и еднојазична Република, ви предложивме ,,Македонска платформа”. Што направивте вие? Ја одбивте! Одлучивте да продолжите со етнотрибализмот, наместо со унитаризмот – рече пратеникот Исмаил – Хактан во својот говор на собраниската седница за избор на нова влада.

Според Исмаил, понудената предлог – програма не нуди многу од проектите што беа ветени во предизборието од страна на ДПМНЕ.

  • Гледајќи ја оваа предлог – програма, уште повеќе ми се потврди ставот дека е добро што ве одбив да бидам дел од вашата Влада, затоа што ние не сакаме да продолжиме со она каде што застанаа СДСМ и ДУИ. Анализирајќи ја програмата, евидентно е дека ќе продолжите исто „како и до сега“ – додаде Исмаил.

Исмаил се осврна и кон предвидувањата во предлог – програмата за заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност.

  • Предвидувате: ,,…во иднина дипломатскиот ангажман на Владата ќе вложи максимални напори да обезбеди доволно гаранции за заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност и во таа насока ќе побара непосредна поддршка од европските институции нашите соседи, сојузниците и стратешките партнери”. Од кого ќе побарате поддршка? Од ЕУ која ви го сервира „Францускиот предлог“ за бугаризација? Од НАТО што ја окупира нашата држава и го подметна Преспанскиот договор? Од Грција? Од Бугарија? Од кого ќе ги барате тие гаранции? Од истата ЕУ што ги поддржа сите про-фашизоидни политики на соседите кон нас? Тоа така не бива колеги – поентираше пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан.

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – ХАКТАН, во својот говор на седницата за избор на нова Влада, обраќајќи се кон Мицкоски, потенцираше дека ,,Левица им понуди Унитаризам, а ДПМНЕ избра етнотрибализам”.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ