Јанчев за новата влада: Македонија нема да биде горда – туку ќе биде на олигарсите!

Screenshot 2024-06-07 131539

Говорот на пратеникот м-р Сашко ЈАНЧЕВ на денешната пленарна Седница за избор на новата ВЛАДА:

Во оваа програма, надворешната политика пак се сведува на добрососедство, во која смо ние ќе бидеме повторно добрите соседи. Со доследно почитување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, како што вика мандатарот „мора да е така“ оти така е по закон и по Устав.

Претходната власт викаше: „треба да го смениме името оти треба да добиеме пари, оти чуму ни е името ако немаме пари“. Сега оваа власт вика: „да не се занимаваме со името, да се занимаваме со економијата за да добиеме пари“. Тие две работи никако не се одделуваат и тоа народот го знае.

Едно е да си го смените името, друго е некој од надвор да ви го смени! Кога некој ќе ви го смени името од надвор, не ви го зимаат само името, туку ви го зимаат и статусот. Од политичка заедница, од нација која што се самоуправува, ве сведуваат во аморфна маса којашто е тука само да се управува и експлоатира! Народот ова добро го знае и затоа не бега од проблемот за името.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
23.06.2024

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ